Нејзината младост го
предизвикуваше полетниот маж во него, додека се движеше покрај креветот со
широките колкови во неговите очи блеснуваше нескротлив нагон. Не му беше
доволно само да ги гледа тие облини што
импонираат како да не е таму, сакаше
со прстите да го помине секој дел од нејзината кожа, со јазикот да ја
почувстува врелината на нејзиното битие, да му се врежи во сеќавањата нејзината
слаткост.
Бараше начин да ја сокрие во себе, да биде способен да ја
има и кога ќе си замине, бидејќи тоа беше неминовно. Да ги стопи
височините
и да ги потполни сите
вдлабнатини, да ја запише на јазикот на незаборавот. Секој миг, секој час беше
желен за неа, сакаше да ја гледа како се грчи од задоволство под неговото тело,
како ѝ се креваат градите и ги допираат неговите,
како трепери при неговите допири додека
нејзините нокти му испишуваа спомени на грбот.
Слушаше како ја полни целата соба со воздишки во ритамот на неговите
понирања прилагодувајќи се на композицијата на нејзините потреби. Таа сето тоа
го знаеше, го читаше копнежот во секој негов збор, здивот застанат на нејзините
гради кој и го зголемуваше тактот на срцето, секој треперлив поглед по
нејзините нозе, гледаше како
искрата од
очите му се разлеваше по целото тело а жилата силна му плусираше штом ќе ја
види како ја зафрла косата наназад пред спиење. Уживаше чувстувајќи му ги очите
залепени за нејзините бутини, намерно ги цепкаше движењата на мали и бавни за
да украде уште малку од задоволството на посакувањето, играјќи си на работ на
страста и оганот, но штом ќе ја положеше раката на неговите гради, се оделуваше
од своето тонејќи во неговото присуство, чувстувајќи ја цврстината на неговиот
поход. Танцуваше по музиката на неговите стисоци, вреснуваше при секој повисок
тон, собираше сили на секоја ниска нота, и секое ново грчење на мускулите ја
буташе поблиску до задоволството. Моментот кога ќе се разлееше низ неа, цврсто
ќе ги залепеше очите обидувајќи се да го врежи таков во сеќавање, за да биде
таму и кога ќе го нема бидејќи еден ден сите заминуваат.