Еден
ден и јас ќе направам чекор и сонцето и мене ќе ме стопли. Душата повторно ќе
ми расцвета и пролетта пак ќе мириса на среќа. Воздухот повторно ќе ми ги полни
градите со верба, на ноќта ќе и се насмеам и ќе ги раширам крилјата широко.
Повторно ќе ја подадам раката, моите очи ќе блеснат, тлото под моите нозе ќе
биде сигурно. Ветерот ќе може само да ми ја разбушави косата, но не и да ми го
помрдне телото. Дождот може само да ме натера да заиграм под капките,
намокрените чевли ќе можат само да ме научат да чекорам и кога е потешко. И
повторно ќе чекорам, ќе трчам, ќе се смеам, ќе ширам среќа. Тој ден јас ќе
бидам способна повторно да љубам.