Friday, November 29, 2013
Доволно е да биде човек
Што сакам? Не сакам многу, малку барам, но тешко се наоѓа и тоа малку, а тие
што го имаат најчесто го кријат. Не сакам да биде ниту црн, ниту плав, ниту висок, ниту слаб, всушност поим
немам каков сакам да биде. Доволно е да биде човек, помалку луд, несмасен
и со убава насмевка. Сакам коа ќе застане пред мене да не можам да
го тргнам погледот од него и да не се преправам дека не го гледам него и дека
сум ладна ко мраз.Не сакам ни тој да дојде и да ми даде
комплимент, не сакам ни за името да ме праша, ете така нека тресне нешто, било што. И јас да се замуабетам а да не знам што
зборувам и веќе на следната песна да го бакнувам. И да вријам од желба да му ја искинам кошулата,
и да не му велам не, не давам на првиот состанок. И да ме однесе некаде каде што сум мислила
дека нема да завршам, и наместо да се буткаме на вратата како да не сме допрени со години, да се напиеме кафе. И да муабетиме а и двајцата да не знаеме за
што, да зборуваме тивко, јас да ти климам со главата, а ти да глумиш дека ме
слушаш. И кога ќе си ги изпразниме душите како демек
сме имале некој товар, да го направиме она за што дојдовме и дури после да ме прашаш како ми беше името, и да ми го запишеш бројот и да ме оставиш да се отспијам и да заминам знаејќи дека ќе се вратам.
Thursday, November 14, 2013
Бидејќи...
Не му беше ни малку лесно иако така изгледаше.
Секогаш среден и насмеан, со неа под рака. Луѓето им се восхитуваа, некои им
завидуваа, но никој не знаеше дека под тоа насмеано лице се крие празнина. Ја држеше за рака за да не оди со празни раце, ја прегрнуваше за
да не мисли на тоа колку е сам, ја бакнуваше од очај, ја галеше од потреба. Повеќе уживаше во идеалната слика шо сакаше да ја претстави пред
светот отколку во вистинката страст шо требаше да се
најде таму а ја немаше. И се повеќе силно и ја претискаше раката
бидејќи така се чувствуваше посилен, но е и посреќен, со неа имаше задоволство,
но не и љубов. А се што тој бараше беше кога ќе ја здогледа таа вистинската, срцето да му се насмее, и раката сама кон
неа да појде
Да ја приближи до градите силно бидејќи таму
припаѓа, и да заспие со спокој на душата, и ниту еднаш да не помисли на
останатиот свет. А имаше една таква, што му го нишаше светот. Баш онака како што ја замислуваше, и се трудеше да ја има околу
себе, ја бараше со погледот, ја повикуваше со срцето онаа по која копнееше. И додека гореше по неа, се уште за рака ја држеше онаа која му
ја исполнуваше сликата наместо срцето и не ја испушташе ни за миг. Бидејќи светот не прашуваше за чувствата, бидејќи градот така
велеше, бидејќи општеството така процени...
Saturday, November 2, 2013
Глас
Веќе знаев и воопшто не ми беше тешко да чекорам онака
како што денот милува, во убавите мигови да се насмеам во лошите да се утешам и
пак да продолжам. И така секој ден, веќе навикната, одев по патеките молчејќи,
знаејќи дека таму освен трњето и гласот остава лузни. Се плашев од мојот глас,
неговата јачина ме растреперуваше и ете научив да голтам кога е најсилен.
Научив да го игнорирам кога ме гребе одвнатре ко дива мачка која сакаш во раци
да ја задржиш, понекогаш дури успевав и да го замолчам, бидејќи знаев дека само
болка може да ми донесе и солза да ми подари. Научив да живеам со него како без
него и признавам убаво ми беше. Денот убав, животот тивок, течеше така ко мал
поток низ музиката на тивките птици. Брдата и планините беа страшни, течев и
таму порано и затоа сега раните болат и при секое каменче тука. Но барем мирно
е... Тивко е.... Се живее...
Одеднаш чашата се прелеа, и животот згазна на гордоста,
се обиде да го покори достоинството, да ја уништи мислата. И мирниот поток
наиде на брза рака која води до нови клисури. А гласот, тој како никогаш
претходно да не бил присутен и од мачка се претвоти во лав кој ми ги
раскинуваше градите и не постоеше можност да се зачува мирен. Сам се искачуваше
низ грлото, да излезе на светлината на животот. Не беше возможно да го
игнорираш, да го запреш, да го проголташ. Врескаше и сите слушаа и повеќе ништо
не беше мирно, и повеќе не можев да чекорам онака како што денот милува, гласот
ми ги движеше и телото и духот. Јасно беше дека сѐ што научив беше погрешно.
Никогаш ништо не беше мирно, и никогаш не беше за молчење. Ова што сега вришти во
мене, тоа сум јас. Јас сум она каменче во потокот што ми ја лути раната. Јас
сум мојот глас!
Subscribe to:
Posts (Atom)