Thursday, October 10, 2013
Непланирано
Што беше ова? Земјотрес? Што се случи одеднаш? Како се се измени баш кога верував дека добро ги наместив коцките? Каде ми замина спокојот.... Тоа беа само дел од прашањата што му поминуваа низ главата секоја ноќ пред спиење. Се сеќаваше дека има мирен живот , се помири со судбината, ја прифати реалноста и реши да живее така и одеднаш бум. Се појави таа, од нигде никаде... Не знаеше ништо за неа, освен името и неколку разменети зборови, но од очите можеше да прочита дека не беше секојдневна девојка. Имаше нешто што ја одделуваше , не беше тоа нејзината убавина, ниту внимателно избраните зборови туку нешто сосема поинакво. Нешто зрачеше од неа и те го привлекуваше , те го одбиваше. Таа не се вклопуваше со сликата за девојките што ја имаше и со која се помири, а беше сигурен дека секоја припаѓа таму на овој или оној начин. И таа не беше поинаква , па ќе ја ставаше во тој кош, но пак ќе ја извадеше. Никако не можеше да се одлучи. Бараше објаснувања, правеше слики, но таа никаде не се вклопуваше. Само што ќе ја пикнеше во еден куп таа ќе го изненадеше и ќе му докажеше дека греши и не е како тие, туку една и единствена, и штом ќе помислеше дека е поинкава , посебна,, магична и реална таа ќе го клекнеше на колена и ќе го потсетеше дека е човек. И колку повеќе се трудеше да разбере, толку повеќе се губеше во нејзините постапки, зборови, погледи. И се повеќе сфаќаше дека нема објаснување и дека не знае иако му беше тешко да си го признае тоа. Таа беше енига која сакаше да ја одгатне, имаше желба да открие каков оган гореше во неа, оној што ќе го изгори или пак ќе го стопли
Thursday, August 22, 2013
На крајот од денот
Ни самата не знаеше дали го сакаше и што точно се случуваше со неа
кога тој ќе се појавеше. Немаше
никакви пеперутки во стомакот за кои сите зборуваат но чувствуваше како целосно
да се променува штом ќе го
здогледа. Не можеше
да ја симне таа насмевка кога ќе го погледнеше и одеднаш се имаше поинаква
форма. Покрај него се чувствуваше смирено, можеше
со него да седи со саати без да изусти ни збор и на ум да не и падне ни едно
поубаво место од тоа. Неговата
појава ја опушташе целосно, покрај него немаше грижи немаше големи караници, се
одеше мирно и полека. И секогаш
на крајот на денот помислуваше на него, сакаше да го види, да се насмее, и да
заборави на целата напнатост. Тој на неа делуваше како кафето во сонливото утро, како добриот
филм кој откако ќе те смири ќе те заспие. Тој за неа беше бегање од реалноста, место каде што може
да си ја одмори душата, да подзастане да земе здив и да продоложи со насмевка. Таа не се потпираше на него, не беше
столбот на кој се наслонуваше и без кој ќе се најдеше на подот изгубена во
непознатото, но уживаше во секој
миг поминат со него. Тој не
беше светилината во неа но и носеше свежина, не беше розата но го носеше
нејзиниот мирис со него. И денот
беше убав, и сонцето ја топлеше и животот течеше напред, а тој беше покрај неа
И сега денот е убав, сонцето и денес ја топли, и пак се смее но
него го нема, ја нема хармонијата и опуштеноста. И нема повеќе бегање во друг свет каде што
може да го пронајде мирот на душата, пред неа само патот е испречен без кафето
во сонливтот утро. И не знае
дали го сакаше и дали го сака, но и недостигаше смиреноста која и ја вдахнуваше
во животот. Празнината
која ја остави со неговото заминување ништо не може да потполни. Иако не знаеше што беше тој во нејзиниот
живот на крајот на денот секогаш се потсетуваше на него бидејќи ниту едно зајдисонце не беше толку празно.Tuesday, June 25, 2013
Робови на гордоста
Луѓето велат лесно е, затвори ги очите,
почувствувај ја болката и кога најмногу ќе те заболи ослободи ја, тогаш и тој ќе замине со неа. И ете се обидувам како некое мало дете, но
никогаш не боли толку многу за да одлета. И се е поради проголтаните зборови, заменетите солзи со
насмевки, глумењето студенило кога срцата гореа, но кој можеше да ни каже. И како ќе знаевме кога не бевме способни да се
скараме како што сите се караа. А толку пати имав потреба да се развикам, понекогаш да ти кажам
„Еби се“ а понекогаш „Те сакам“.И многу пати сакав да те гушнам наместо да избегам, но ете
последниот пат избегав без да се свртам. А сега сакам да ти влепам шлаканица бидејќи не ми кажа дека она
што светот ме научи во животот е погрешно во љубовта. И секогаш кога ќе поминам покрај тебе ќе
чекорам со гордо крената глава и душа која клечи,но нема да ти кажам бидејќи ти
никогаш не ми кажа. Двајца робови на
гордоста никогаш нема да можат да се изборат за љубовтFriday, May 31, 2013
Крај без почеток
Секогаш се будеше пред да го досонува сонот, никогаш не ги сакаше
краевите... не знаеше да се справи со нив. За него не постоеше среќен крај, крајот можеше
да биде се, но не и синоним за среќa. Затоа секогаш кога ќе ја видеше на улица ќе
поминеше покрај неа без да и каже Здраво за да не мора да и каже Збогум некогаш. И секогаш кога ќе поминеше покрај неа ја гледаше нејзината убава душа со која несебично се разфрлаше наоколу. Сакаше да ги затвори очите пред таа убавина за
да не гледа како се губи во далечинатa. Никогаш не се осудуваше да ја спореди
топлината на прегратката со болката на разделбата. Тој знаеше дека ќе умее да љуби само еднаш и
никогаш повеќе, само еднаш ќе се предаде целосно и без прашања, а потоа се ќе
биде игра. Брзо учеше и многу лесно го фаќаше ритмот,
затоа и го вртеше грбот на музиката..
Немаше човек кој не го излажал, кој не го
изневерил, немаше човек кој секогаш вредел повеќе од неговите зборови, а беше свесен дека и таа е иста како нив. И ако се пружеше по неа знаеше дека таму
некогаш ќе се појави лага, мала несебична и небитна лага која ќе уништи се. А тој не знаеше да простува, дури и кога и
срцето и разумот ќе се споеја гордоста ќе надминеше. Животот го избриша тој збор од неговиот
речник, луѓето за кои веруваше дека можат да го изговорат само ги фрлија
последните лопати. А кога гордоста победува љубовта умира. И секое утре поминуваше покрај неа без да и
каже Здраво само за да ја зачува љубовта и во него и во неа, чиста и вистинска.
Немаше човек кој не го излажал, кој не го
изневерил, немаше човек кој секогаш вредел повеќе од неговите зборови, а беше свесен дека и таа е иста како нив. И ако се пружеше по неа знаеше дека таму
некогаш ќе се појави лага, мала несебична и небитна лага која ќе уништи се. А тој не знаеше да простува, дури и кога и
срцето и разумот ќе се споеја гордоста ќе надминеше. Животот го избриша тој збор од неговиот
речник, луѓето за кои веруваше дека можат да го изговорат само ги фрлија
последните лопати. А кога гордоста победува љубовта умира. И секое утре поминуваше покрај неа без да и
каже Здраво само за да ја зачува љубовта и во него и во неа, чиста и вистинска.Saturday, May 25, 2013
Проклети луѓе
Признавам ранета сум, на срцето ми се појави
рана која никогаш не зараснува. Но живеам со неа, ја носам насекаде со себе
свесна сум дека постои и не правам скандали и драмски тажалки. Сепак ја имам
силата да ја кренам главата и да продолжам напред со моето минато на моите
рамења. И додека те гледам како се трескаш од земја, свесна дека го разгоруваш
огнот кој треба да се стиши, не знам дали да се згрозам или да те жалам. Ги
гледам сцените кои лошо ги глумиш, лажните солзи и прекриените намери, ѕиркам со
двоумење низ површината, се плашам да не се згрозам од тоа што ќе го видам.
Нема ништо погнило од лажни солзи за вистнска болка, со тоа само го валкаш
споменот кој треба да остане вечно чист. Болката што евтино ја глумиш во мојата
душа е чиста, и додека јас се учам да живеа со неа ти се обвиткуваш во црното
платно на лошата глума. Но знај јас тагувам, но ти умираш.Tuesday, May 14, 2013
Изгрејсонцето ќе го донесе новиот ден, новиот ден ќе донесе нови патишта
Застана на прагот замислена, се двоумеше
дали да го даде првиот чекор или да истрача од таму како неискусна жена. А толку време помина од последниот бакнеж,
од таа силна прегратка....
помина без да се потроши. Неговиот поглед мамеше, ја влечеше како магнет кон себе забранувајќи
и да размислува. Не знаеше
дали само така нејзе ѝ се
чинеше поради долгото одсуство на маж од нејзиниот живот или тој сепак се
двоеше од целото тоа сивило. На крајот на краиштата и не беше важно, беше сладок и тоа беше
доволно. Ја прифати играта на занесното срце и се
втурна во авантурата на
една ноќ, за се постоеше прв пат, со доза на среќа се смешкаше во себе
Тој беше желен за љубов, за топлина, му се здосади од сѐ
друго, се измори... па доста беше. Таа пак се заколна дека никогаш повеќе нема да љуби, ќе биде како
што беа тие што ја љубеа, слободна, насмеана и студена. Седнаа и се препуштија на виното, ноќта
беше долга а тие не се брзаа никаде. Додека тој се обидуваше да си ја отвори душата за прв пат, во
нејзинте очи можеше само да се прочита желба. Не слушаше ниту збор од она што тој го
кажуваше иако во
оваа ноќ таа за
него блескаше најсилно и од најголемата ѕвезда. Не беше заинтересирана за неговите бакнежи
на туѓите усни кога сега нејзините му беа толку блиску, не е важно, што било вчера е минато, а таа живее за сега. Уживаше во улогата на лоша девојка со
ангелска насмевка
Во тој момент тој за неа беше единствен во животот.Се однесуваше како нему да му припаѓа
нејзината душа, нежно ги галеше неговите надежи и му се насмевнуваше на лесната
преданост. Го гледаше како ѝ го испружи срцето на дланка, но не и
пречеше, се додека е тивко и ѝ
дозволи на ноќта ќе биде убава. Таа не ја бараше љубовта, не сакаше ни да
зборува за неа, бегаше бидејќи еднаш успеа да и го види ликот. Оваа ноќ само сакаше да љуби како да е
заљубена, да почувствува допири на нејзината кожа како да за нив копнеела со
години. Имаше потреба оваа ноќ некој да и покаже
дека е негова, некој кој ќе зборува со рацете, а од очите ќе изфрла жар. Сакаше крвта да и зоврие, и усните да и го
згаснат огнот, мислите да одлетаат, а утре... што е важно...Не беше важно ако нема да се разбуди
покрај него, сакаше оваа ноќ да биде незаборавна и се предаде на моментот, на желбата која гореше
во неа, додека тој ѝ се
предаваше нејзе, за прв пат толку искрено во животот. Се испомешаа мислите, надежите,
очекувањата, се испреплеткаа бакнежите, извиците, гребењето... задоволството...
Со насмевка на лицето дека сонот конечно стана реалност тој заспа, мислејќи
не е секоја иста,а тој штотуку зачекори во нова приказна со една поинаква, а таа го почека изгрејсонцето за да го донесе
новиот ден, а новиот ден да ѝ донесе нови патишта. Со безшумен чекор му се извлече од сонот, го остави сам да сонува
без да знае и изчезна. Знаеше
дека никогаш нема да го заборави бидејќи тој беше прагот низ кој мораше да
влезе во новиот живот, вистинскиот. А ниту тој неа, можеби ќе ја мразеше, можеби ќе му беше сеедно, но
не можеше да ја заборави исто како што таа не можеше да го заборави оној кој
нејзе ѝ ја уби вербата во љубовта. Сега таа беше
нечиј убиец, но не чувствуваше вина Па љубовта не постои зарем не?Wednesday, May 8, 2013
Херојот без љубов
Ја сакаше на чуден начин, кога беше покрај неа не се познаваше себе
си, тој никогаш не беше таков човек, тој ги мразеше таквите луѓе во кои се претопи. Во нејзините очи гледаше нешто несекојдневно, тој оган што тлееше во нив
го претвораше во слабак, беше подготвен да се предаде без борба, затоа избегнуваше да ја гледа, не сакаше да
има слаба точка, уште помалку тоа да биде таа. Тој беше научен да љуби и да остава, да го љубат и да го
оставаат, тој беше научен да комуницира само со зборови. И одеднаш се појави таа со нејзините очи
кои говореа посилно од било што што слушнал до сега и му се вовлече под кожа. Не знаеше како е да се биде некому причина
за насмевка, да се стоплиш од туѓ допир, да сакаш некому да подариш се. Не знаеше како е да љуби вистински, да дава
без да посака да земе нешто, се губеше во целиот овој нов свет. Но затоа беше таа тука, да го научи што
значи да се предадеш без да се плашиш, да полеташ без да замавнеш со крилјата. Сакаше да му биде водич во овој нов свет,
да му покаже дека нема од што да се плаши.Стравот само може да и го украде
совршенството на љубовта. Но за инат на вистината тој никогаш не дозволуваше да биде воден од друг, тој знаеше да
чекори сам, тој знаеше да чекори само сам. Да оди по патот со стисната рака, тоа за него беше невозможно, само
измислена бајка за поубаво детство. И колку и да беше нејзината душа чиста и нејзиниот бакнеж врел,
сепак стравот да дадеш се а да останеш сам беше поголем. Си удри една шлаканица, за да се
освести,љубовта е само измислица, таа е само пречка на патот која не ти дозволува побрзо да стигнеш до
целта. Си ја ослободи раката за да не се изгуби
себе си, стариот, тврдокорен фраер.Тој не беше слабак и никогаш нема да биде, макар и ако само тој
беше единствениот што го знае тоа.
Патот е за да го изодиш сам, тој само така умееше, исто како што умееше подобро да љуби и да остава отколку да љуби и да дозволи да
биде љубен
Оваа ноќ се врати порано дома, не можеше повеќе да седи таму и да
ја гледа како се смешка. Го имаше
се уште тој сјај во очите, пленуваше со својата насмевка, и наместо да се
изгуби таа како да се препороди. Блескаше и владееше, и токму овде пред неговите очи. И додека за рака држеше друга девојка,
одвај го контролираше бесот кон оние кои не го симнуваа погледот од неговата
мала. Сакаше да се стрчне, да ја прегрне, да ја бакне, да им
покаже на сите дека е негова и потоа да ја однесе некаде далеку од сите погледи. Сакаше само тој да ужива во нејзината
убавина, не само во очите, усните, лицето, туку у во ведрината со која зрачеше. Но храбрите луѓе не прават патетични нешта
зарем не? Тие само љубат и оставаат, не трчаат и не бегаат.
Неговото срце не можеше да го поднесе нејзинот поглед да пленува
друг, нејзините усни на друг да се смешкат. Можеби храбрите не бегаат, но тој мораше да се изгуби од тоа место
се додека уште може да се контролира Ја испрати „девојката“ и побрза да отиде дома. Отвори шише вино и го погледна небото,
сакаше да биде сам, а всушност тоа и беше цело време после неа. Чувствуваше дека се го боли, од пред очи
не можеше да ја избрише нејзината слика... ах колку само беше убава. Очите и светкаа како сијалички и му ја
топлеа душата, чисти и искрени како и секогаш, усните... ги имаше највкусните
усни на светот. Некогаш
му се предаваа сами сега беа толку далечни и што е пострашно од се можеби туѓи. Дали некогаш ќе успее да ја забрави се
прашуваше со месеци, еве се труди, но ниедна ја немаше нејзината душа. Дали некогаш можеше да ја заборави
прегратката која му велеше јас сум тука, раширените раце и во добро и во зло? Дали можеше да заборави дека го сакаше и
кога беше најлош и кога беше најдобар, и кога беше на дното и кога беше на
врвот? Допирите кои велеа твоја сум вечно ќе
останат врежени во неговите сеќавања. Само таа знаеше како да се справи со него кога и тој самиот не
знаеше, ете да беше тука и сега ќе знаеше да му каже како додека се губи. Никогаш нема да си прости што не сакаше да
научи да љуби, а со секој ден се повеќе ја љубеше.И ја мразеше оваа празна рака, го мразеше
јакиот фраер, ги мрзаеше сите стравови и лоши
приказни, се мразеше без неа што ја истурка од себе. Бидејќи херојот без љубов е само обичен слабак
Subscribe to:
Posts (Atom)

