Луѓето велат лесно е, затвори ги очите,
почувствувај ја болката и кога најмногу ќе те заболи ослободи ја, тогаш и тој ќе замине со неа. И ете се обидувам како некое мало дете, но
никогаш не боли толку многу за да одлета. И се е поради проголтаните зборови, заменетите солзи со
насмевки, глумењето студенило кога срцата гореа, но кој можеше да ни каже. И како ќе знаевме кога не бевме способни да се
скараме како што сите се караа. А толку пати имав потреба да се развикам, понекогаш да ти кажам
„Еби се“ а понекогаш „Те сакам“.И многу пати сакав да те гушнам наместо да избегам, но ете
последниот пат избегав без да се свртам. А сега сакам да ти влепам шлаканица бидејќи не ми кажа дека она
што светот ме научи во животот е погрешно во љубовта. И секогаш кога ќе поминам покрај тебе ќе
чекорам со гордо крената глава и душа која клечи,но нема да ти кажам бидејќи ти
никогаш не ми кажа. Двајца робови на
гордоста никогаш нема да можат да се изборат за љубовтTuesday, June 25, 2013
Робови на гордоста
Луѓето велат лесно е, затвори ги очите,
почувствувај ја болката и кога најмногу ќе те заболи ослободи ја, тогаш и тој ќе замине со неа. И ете се обидувам како некое мало дете, но
никогаш не боли толку многу за да одлета. И се е поради проголтаните зборови, заменетите солзи со
насмевки, глумењето студенило кога срцата гореа, но кој можеше да ни каже. И како ќе знаевме кога не бевме способни да се
скараме како што сите се караа. А толку пати имав потреба да се развикам, понекогаш да ти кажам
„Еби се“ а понекогаш „Те сакам“.И многу пати сакав да те гушнам наместо да избегам, но ете
последниот пат избегав без да се свртам. А сега сакам да ти влепам шлаканица бидејќи не ми кажа дека она
што светот ме научи во животот е погрешно во љубовта. И секогаш кога ќе поминам покрај тебе ќе
чекорам со гордо крената глава и душа која клечи,но нема да ти кажам бидејќи ти
никогаш не ми кажа. Двајца робови на
гордоста никогаш нема да можат да се изборат за љубовтFriday, May 31, 2013
Крај без почеток
Секогаш се будеше пред да го досонува сонот, никогаш не ги сакаше
краевите... не знаеше да се справи со нив. За него не постоеше среќен крај, крајот можеше
да биде се, но не и синоним за среќa. Затоа секогаш кога ќе ја видеше на улица ќе
поминеше покрај неа без да и каже Здраво за да не мора да и каже Збогум некогаш. И секогаш кога ќе поминеше покрај неа ја гледаше нејзината убава душа со која несебично се разфрлаше наоколу. Сакаше да ги затвори очите пред таа убавина за
да не гледа како се губи во далечинатa. Никогаш не се осудуваше да ја спореди
топлината на прегратката со болката на разделбата. Тој знаеше дека ќе умее да љуби само еднаш и
никогаш повеќе, само еднаш ќе се предаде целосно и без прашања, а потоа се ќе
биде игра. Брзо учеше и многу лесно го фаќаше ритмот,
затоа и го вртеше грбот на музиката..
Немаше човек кој не го излажал, кој не го
изневерил, немаше човек кој секогаш вредел повеќе од неговите зборови, а беше свесен дека и таа е иста како нив. И ако се пружеше по неа знаеше дека таму
некогаш ќе се појави лага, мала несебична и небитна лага која ќе уништи се. А тој не знаеше да простува, дури и кога и
срцето и разумот ќе се споеја гордоста ќе надминеше. Животот го избриша тој збор од неговиот
речник, луѓето за кои веруваше дека можат да го изговорат само ги фрлија
последните лопати. А кога гордоста победува љубовта умира. И секое утре поминуваше покрај неа без да и
каже Здраво само за да ја зачува љубовта и во него и во неа, чиста и вистинска.
Немаше човек кој не го излажал, кој не го
изневерил, немаше човек кој секогаш вредел повеќе од неговите зборови, а беше свесен дека и таа е иста како нив. И ако се пружеше по неа знаеше дека таму
некогаш ќе се појави лага, мала несебична и небитна лага која ќе уништи се. А тој не знаеше да простува, дури и кога и
срцето и разумот ќе се споеја гордоста ќе надминеше. Животот го избриша тој збор од неговиот
речник, луѓето за кои веруваше дека можат да го изговорат само ги фрлија
последните лопати. А кога гордоста победува љубовта умира. И секое утре поминуваше покрај неа без да и
каже Здраво само за да ја зачува љубовта и во него и во неа, чиста и вистинска.Saturday, May 25, 2013
Проклети луѓе
Признавам ранета сум, на срцето ми се појави
рана која никогаш не зараснува. Но живеам со неа, ја носам насекаде со себе
свесна сум дека постои и не правам скандали и драмски тажалки. Сепак ја имам
силата да ја кренам главата и да продолжам напред со моето минато на моите
рамења. И додека те гледам како се трескаш од земја, свесна дека го разгоруваш
огнот кој треба да се стиши, не знам дали да се згрозам или да те жалам. Ги
гледам сцените кои лошо ги глумиш, лажните солзи и прекриените намери, ѕиркам со
двоумење низ површината, се плашам да не се згрозам од тоа што ќе го видам.
Нема ништо погнило од лажни солзи за вистнска болка, со тоа само го валкаш
споменот кој треба да остане вечно чист. Болката што евтино ја глумиш во мојата
душа е чиста, и додека јас се учам да живеа со неа ти се обвиткуваш во црното
платно на лошата глума. Но знај јас тагувам, но ти умираш.Tuesday, May 14, 2013
Изгрејсонцето ќе го донесе новиот ден, новиот ден ќе донесе нови патишта
Застана на прагот замислена, се двоумеше
дали да го даде првиот чекор или да истрача од таму како неискусна жена. А толку време помина од последниот бакнеж,
од таа силна прегратка....
помина без да се потроши. Неговиот поглед мамеше, ја влечеше како магнет кон себе забранувајќи
и да размислува. Не знаеше
дали само така нејзе ѝ се
чинеше поради долгото одсуство на маж од нејзиниот живот или тој сепак се
двоеше од целото тоа сивило. На крајот на краиштата и не беше важно, беше сладок и тоа беше
доволно. Ја прифати играта на занесното срце и се
втурна во авантурата на
една ноќ, за се постоеше прв пат, со доза на среќа се смешкаше во себе
Тој беше желен за љубов, за топлина, му се здосади од сѐ
друго, се измори... па доста беше. Таа пак се заколна дека никогаш повеќе нема да љуби, ќе биде како
што беа тие што ја љубеа, слободна, насмеана и студена. Седнаа и се препуштија на виното, ноќта
беше долга а тие не се брзаа никаде. Додека тој се обидуваше да си ја отвори душата за прв пат, во
нејзинте очи можеше само да се прочита желба. Не слушаше ниту збор од она што тој го
кажуваше иако во
оваа ноќ таа за
него блескаше најсилно и од најголемата ѕвезда. Не беше заинтересирана за неговите бакнежи
на туѓите усни кога сега нејзините му беа толку блиску, не е важно, што било вчера е минато, а таа живее за сега. Уживаше во улогата на лоша девојка со
ангелска насмевка
Во тој момент тој за неа беше единствен во животот.Се однесуваше како нему да му припаѓа
нејзината душа, нежно ги галеше неговите надежи и му се насмевнуваше на лесната
преданост. Го гледаше како ѝ го испружи срцето на дланка, но не и
пречеше, се додека е тивко и ѝ
дозволи на ноќта ќе биде убава. Таа не ја бараше љубовта, не сакаше ни да
зборува за неа, бегаше бидејќи еднаш успеа да и го види ликот. Оваа ноќ само сакаше да љуби како да е
заљубена, да почувствува допири на нејзината кожа како да за нив копнеела со
години. Имаше потреба оваа ноќ некој да и покаже
дека е негова, некој кој ќе зборува со рацете, а од очите ќе изфрла жар. Сакаше крвта да и зоврие, и усните да и го
згаснат огнот, мислите да одлетаат, а утре... што е важно...Не беше важно ако нема да се разбуди
покрај него, сакаше оваа ноќ да биде незаборавна и се предаде на моментот, на желбата која гореше
во неа, додека тој ѝ се
предаваше нејзе, за прв пат толку искрено во животот. Се испомешаа мислите, надежите,
очекувањата, се испреплеткаа бакнежите, извиците, гребењето... задоволството...
Со насмевка на лицето дека сонот конечно стана реалност тој заспа, мислејќи
не е секоја иста,а тој штотуку зачекори во нова приказна со една поинаква, а таа го почека изгрејсонцето за да го донесе
новиот ден, а новиот ден да ѝ донесе нови патишта. Со безшумен чекор му се извлече од сонот, го остави сам да сонува
без да знае и изчезна. Знаеше
дека никогаш нема да го заборави бидејќи тој беше прагот низ кој мораше да
влезе во новиот живот, вистинскиот. А ниту тој неа, можеби ќе ја мразеше, можеби ќе му беше сеедно, но
не можеше да ја заборави исто како што таа не можеше да го заборави оној кој
нејзе ѝ ја уби вербата во љубовта. Сега таа беше
нечиј убиец, но не чувствуваше вина Па љубовта не постои зарем не?Wednesday, May 8, 2013
Херојот без љубов
Ја сакаше на чуден начин, кога беше покрај неа не се познаваше себе
си, тој никогаш не беше таков човек, тој ги мразеше таквите луѓе во кои се претопи. Во нејзините очи гледаше нешто несекојдневно, тој оган што тлееше во нив
го претвораше во слабак, беше подготвен да се предаде без борба, затоа избегнуваше да ја гледа, не сакаше да
има слаба точка, уште помалку тоа да биде таа. Тој беше научен да љуби и да остава, да го љубат и да го
оставаат, тој беше научен да комуницира само со зборови. И одеднаш се појави таа со нејзините очи
кои говореа посилно од било што што слушнал до сега и му се вовлече под кожа. Не знаеше како е да се биде некому причина
за насмевка, да се стоплиш од туѓ допир, да сакаш некому да подариш се. Не знаеше како е да љуби вистински, да дава
без да посака да земе нешто, се губеше во целиот овој нов свет. Но затоа беше таа тука, да го научи што
значи да се предадеш без да се плашиш, да полеташ без да замавнеш со крилјата. Сакаше да му биде водич во овој нов свет,
да му покаже дека нема од што да се плаши.Стравот само може да и го украде
совршенството на љубовта. Но за инат на вистината тој никогаш не дозволуваше да биде воден од друг, тој знаеше да
чекори сам, тој знаеше да чекори само сам. Да оди по патот со стисната рака, тоа за него беше невозможно, само
измислена бајка за поубаво детство. И колку и да беше нејзината душа чиста и нејзиниот бакнеж врел,
сепак стравот да дадеш се а да останеш сам беше поголем. Си удри една шлаканица, за да се
освести,љубовта е само измислица, таа е само пречка на патот која не ти дозволува побрзо да стигнеш до
целта. Си ја ослободи раката за да не се изгуби
себе си, стариот, тврдокорен фраер.Тој не беше слабак и никогаш нема да биде, макар и ако само тој
беше единствениот што го знае тоа.
Патот е за да го изодиш сам, тој само така умееше, исто како што умееше подобро да љуби и да остава отколку да љуби и да дозволи да
биде љубен
Оваа ноќ се врати порано дома, не можеше повеќе да седи таму и да
ја гледа како се смешка. Го имаше
се уште тој сјај во очите, пленуваше со својата насмевка, и наместо да се
изгуби таа како да се препороди. Блескаше и владееше, и токму овде пред неговите очи. И додека за рака држеше друга девојка,
одвај го контролираше бесот кон оние кои не го симнуваа погледот од неговата
мала. Сакаше да се стрчне, да ја прегрне, да ја бакне, да им
покаже на сите дека е негова и потоа да ја однесе некаде далеку од сите погледи. Сакаше само тој да ужива во нејзината
убавина, не само во очите, усните, лицето, туку у во ведрината со која зрачеше. Но храбрите луѓе не прават патетични нешта
зарем не? Тие само љубат и оставаат, не трчаат и не бегаат.
Неговото срце не можеше да го поднесе нејзинот поглед да пленува
друг, нејзините усни на друг да се смешкат. Можеби храбрите не бегаат, но тој мораше да се изгуби од тоа место
се додека уште може да се контролира Ја испрати „девојката“ и побрза да отиде дома. Отвори шише вино и го погледна небото,
сакаше да биде сам, а всушност тоа и беше цело време после неа. Чувствуваше дека се го боли, од пред очи
не можеше да ја избрише нејзината слика... ах колку само беше убава. Очите и светкаа како сијалички и му ја
топлеа душата, чисти и искрени како и секогаш, усните... ги имаше највкусните
усни на светот. Некогаш
му се предаваа сами сега беа толку далечни и што е пострашно од се можеби туѓи. Дали некогаш ќе успее да ја забрави се
прашуваше со месеци, еве се труди, но ниедна ја немаше нејзината душа. Дали некогаш можеше да ја заборави
прегратката која му велеше јас сум тука, раширените раце и во добро и во зло? Дали можеше да заборави дека го сакаше и
кога беше најлош и кога беше најдобар, и кога беше на дното и кога беше на
врвот? Допирите кои велеа твоја сум вечно ќе
останат врежени во неговите сеќавања. Само таа знаеше како да се справи со него кога и тој самиот не
знаеше, ете да беше тука и сега ќе знаеше да му каже како додека се губи. Никогаш нема да си прости што не сакаше да
научи да љуби, а со секој ден се повеќе ја љубеше.И ја мразеше оваа празна рака, го мразеше
јакиот фраер, ги мрзаеше сите стравови и лоши
приказни, се мразеше без неа што ја истурка од себе. Бидејќи херојот без љубов е само обичен слабак
Thursday, April 25, 2013
Изгрејсонце, цигара и една голтка кафе
Го допуши првото утринско цигаре стоејќи на тарасата и восхитвајќи
му се изгрејсонцето. Целосно
сам, уживаше во секој миг, во секој дим... се чувствуваше толку лесен и безгрижен...Посакуваше вака да му започнува секое
утро, наместо да му завршува
денот
Отиде во кујната и си свари турско горко кафе, сакаше целосно да му
се предаде на утрото, а какво е тоа утро без турско. Ги мразеше сите други
кафиња наутро, горчината што му се разлеваше низ устата му ја засладуваше душата.Се врати на тарасата,седна со шољата кафе и ја запали втората цигара, а втората не е како првата, исто како втората чашка ракија,патот е веќе потмачкан.
Погледна
нагоре, таму се криеја душите од секоја помината вечер, од сите исплакани
солзи, од сите лоши зборови, долу врвеа само намрштени лица. И
одеднаш му застуде, ветерот му помина покрај срцето и продолжи. Се
напи поголема голтка горчина и зеде поголем дим од цигарата за да го врати онаа
смирувачко чувство кое те одзема од светот. Но
се уште беше студено, несигурно го сврте погледот кон разместениот кревер како
да знаеше дека нема да му се допадне тоа што ќе го види. Таму
некоја без име спиеше без да сонува, каде сонот се бореше со алкохолот, која
дојде овде за неколку пијачки. Виде девојка без концепт за утре, без
план, без надеж, предадена на ноќта, девојка која живееше само за забава, таму некад во неа се види себе си...Си
замина претходната, ќе си замине и оваа и таа што ќе дојде, сите си
заминуваат....прошепоти само за
себе, без желба да го промени тоа.
А шишето
со водка празно лежеше до девојката, тоа беше слика што носи зима. Баш
таков беше тој, истрошен, празен, загубен.... и сосема мирен над луѓето кои
сепак прават нешто. Се што сакаше во оваа утро беше една
девојка,бушава,несредена,нешминкана,поспана,со дамки на лице,здебелена која ќе
седи со него и ќе молчи. И тогаш се сети
дека имаше една таква која се будеше пред изгрејсонце и знаеше да молчи и да
ужива во тишината на утрото. Една која не прашуваше, која го знаеше
патот и која имаше граници кои тој ги пречекори. И
баш поради неа го сакаше изгрејсонцето со кое таа се будеше а тој заспиваше и
знаеше дека е таму некаде и го гледа и молчи. И
знаеше дека никогаш повторно нема да пронајде девојка која поубаво молчи на
изгрејсонце, и која нема да успее да ја извалка оваа убавина.Тој
ги сакаше девојките со кои никогаш не можеше да биде, чии патишта секогаш се
разминуваат, кога тие се раѓаа тој замруваше.
Си ја
допуши цигарата, ја испи последната голтка од кафето вкусувајќи и дел од
тежината и легна покрај девојката без име.
Saturday, April 20, 2013
Средба
Еден ден повторно ќе се сретнеме, ќе седнеме и кратко ќе позборуваме. Пак ќе ги размениме погледите и ќе се навратиме на она што некогаш било, ќе се насмееме бидејќи тие спомени можат да донесат само насмевки. Нема да биде тешко да си ги подадеме рацете и да ја навалиме главата на другото рамо. Нема да лажеме, добри си ги познаваме душите еден на друг, лагата може само да го уништи моментот, но неи вистината, бидејќи еден на друг си бевме потпора и најголема пречка, заедно учевме, се боревме, си ги обликувавме души. И двајцата ќе знаеме тогаш како е да се чекори без љубов, и воопшто нема да биде тешко да си признаеме дека ни најмалку не му е лесно на едниот без другиот, но нема ниту да се покаеме бидејќи и двајцата научивме да не се вртиме назад. Ќе се поздравиме со блесок со очите и среќа што ја имав таа чест да бидам и учителка и твој ученик, и знам дека никогаш нема да се заборавиме бидејќи добро научените лекции вечно се паметат.
Subscribe to:
Posts (Atom)



