Ни самата не знаеше дали го сакаше и што точно се случуваше со неа
кога тој ќе се појавеше. Немаше
никакви пеперутки во стомакот за кои сите зборуваат но чувствуваше како целосно
да се променува штом ќе го
здогледа. Не можеше
да ја симне таа насмевка кога ќе го погледнеше и одеднаш се имаше поинаква
форма. Покрај него се чувствуваше смирено, можеше
со него да седи со саати без да изусти ни збор и на ум да не и падне ни едно
поубаво место од тоа. Неговата
појава ја опушташе целосно, покрај него немаше грижи немаше големи караници, се
одеше мирно и полека. И секогаш
на крајот на денот помислуваше на него, сакаше да го види, да се насмее, и да
заборави на целата напнатост. Тој на неа делуваше како кафето во сонливото утро, како добриот
филм кој откако ќе те смири ќе те заспие. Тој за неа беше бегање од реалноста, место каде што може
да си ја одмори душата, да подзастане да земе здив и да продоложи со насмевка. Таа не се потпираше на него, не беше
столбот на кој се наслонуваше и без кој ќе се најдеше на подот изгубена во
непознатото, но уживаше во секој
миг поминат со него. Тој не
беше светилината во неа но и носеше свежина, не беше розата но го носеше
нејзиниот мирис со него. И денот
беше убав, и сонцето ја топлеше и животот течеше напред, а тој беше покрај неа
.jpg)