Огнот од каминот се
одсликуваше и во нејзините очи. Таа седеше на подот и гледајќи ги пламените
воздивнуваше. На лицето ѝ се читаше блага насмевка предизвикана од неизвесноста
која висеше во собата. Желбата зрачеше од начинот на кој си ја местеше косата и
прамените кои ѝ ги галеа градите и го привлекуваа погледот. Не размислуваше за
ништо, оваа ноќ беше само нејзина и време беше да се опушти и покори. Да стане
робинка на копнежот и да си дозволи да биде понесена од пламенот кој ѝ излегуваше
од очите. Усните ѝ поцрвенуваа од самата помисла од она што треба да следува и
здивот ѝ подзастануваше...
Неговиот чекор ѝ го
качуваше притисокот, знаеше дека моментот кога нивните желби ќе се сретнат се
ближи, но сепак и се чинеше далечен. Тој ѝ ја подаде чашата вино и се насмеа, а
таа гледајќи го право во очи ја испи првата голтка и си ги гризна усните
сакајќи да му покаже дека доста беше чекање. Таа влезе во играта, тој е на
потег....
Седна до неа, ги
испреплетија нозете, погледите, желбите, мислите... Со прстот ѝ ги тргна
прамените кои и ги покриваа убавите цврсти гради сѐ уште гледајќи ја во очи.
Таа се наоѓаше на прагот на покорувањето ѝ беше потребно многу малку за толку
многу. И неговите усни се разгореа, и неговото тело сакаше да ја згасне жедта
која го мамеше. А вратот беше совршен за старт, додека без збор почна да ѝ ги
откопчува копчињата од кошулата со усните нежно ѝ го галеше вратот. Со секој негов
бакнеж нејзината желба се повеќе растеше и бегаше од границите на контролата, а
тој не запираше, понесен од огнот во него нежно ја гризеше за вратот и бараше
повеќе, полека со јазикот се спушташе надолу и ја покоруваше нејзината кожа баш
како што таа сакаше. Нејзините мисли прекинаа, запре се, разумот, зборот, имаше
простор само за копнежот. Не ѝ
преостануваше ништо друго освен да се опушти и да ужива во неговиот начин. Со раката
ја приближи до себе и ја бакна како да со години го чекал тој бакнеж, ја
бакнуваше како што жеден што пиеше чаша вода, а таа му ги стави нозете на
половината и со рацете му поминуваше низ косата. И додека тој ја галеше по
нозете, колковите, градите и ја притиснуваше кон себе, таа веќе му ја фрли
маицата на подот и со нејзината врелина оставаше траги по неговиот грб. И ја
снема кошулата, одлета некаде, а градникот конечно се скина и играта стана
поинтересна. Ја подигна и ја легна на подот, сега беше само негова и таа
уживаше. Ја бакна и додека неговите усни се лизгаа по нејзиниот врат, кон
градите тој веќе ѝ ги откопча фармерките и почна да ја допира. Нејзиното тело
веќе беше доволно покорено, го турна и почна таа да си игра со него, со усните
се движеше по неговото тело, го бакнуваше по вратот и одеше надолу, успеа да го
ослободи од фармерките, немаше пречки, нејзните усни можеа слободно да се
движат и да ја водат играта. Од роб сакаше да стане владетел, додека и двајцата веќе
беа покорени на моментот....
Гореше таа.....гореше и
тој.... гореше и огнот.... ах колку прекрасна ноќ за паметeње