Sunday, June 14, 2015

Претсмртен бакнеж

          Сама во тишина, мирисот од липата ми се краде во собата и ми ја успокојува душава. Не ѝ дозволува да лута, ја држи овде до мене како да знае дека ми е потребна. Сѐ што имам е овде со мене, мислата, душата, разумот и сепак нешто недостасува. Како дупка на сред полјана во која сѐ подлабоко паѓам восхитувајќи се на цвеќињата околу. Храброст ли е да си насмеан од срце додека тониш или лудост. Кого да прашам? На чиј одговор да поверувам?
          Тишината во мене ме турка во фотељата и ме нуди со кафе, јако, силно ко претсмртен бакнеж. Смрт ли е? Нека оди и самата таа по ѓаволите, нема веќе трепет кој ќе разбуди страв. Предолга е редицата таму, којзнае која ќе е по ред, којзнае колку ќе треба да чека.
          Секој некаде појде, секој зачекори во друг правец, изградија светови го обвија со сјај. Среќни ли се? Сјајот ослепува, парата нахранува. Сити ли се? Мирот има ли цена? Кој го продаде? Кој го подели? Никој повеќе не го бара, ко птица пуштена од кафез врзана со мал конец, може да лета, но не онаму каде што сака. Желбите ни избегаа од секојдневието, најдоа мала пукнатина и побрзаа да заминат и тие со сѐ околу.
           Можеш ли нормалните потреби желби да ги наречеш? Сѐ бега, и душава прави план за бегство. Полна куќа празни луѓе дом ли е?  Ни очиве не ти помагаат повеќе, го гледаш она пред што сакаш да замижиш, мижат пред она што треба да се види, свесно го прават тоа, и устата им се восхитува и ги поддржува. Раце наоколу аплаудираат. Зарем е за пофалба премолчена мисла? Колку само тапкања по рамо следуваат по прераскажување туѓи приказни? Туѓиот сон среќа носи ли? Туѓата приказна може ли живот да се нарече? Премногу прокрварени коленици за гордо кренат народ. Лагата ќе успее ли на дѐ спаси? Мртви ли сме? Кој нѐ уби?

Sunday, April 26, 2015

Немој!

    Немој, те молам, не сакај ме, остави љубовта да замине исто онака како што дојде. Немој, не сакај ме , така ќе ми ги скратиш крилјата кои сега безгрижно ги ширам. Немој, не сакај ме, не стишувај ми го гласот кој вришти од мене и кога молчам. Немој, не сакај ме, не гаси го сјајот во моите очи  кој го осветлува моето постоење. Немој, не сакај ме, остави ми го здивот кој го полни мојот дух да се шири наоколу. Немој, не сакај ме, не уривај ми го светот граден со надежи. Немој, не сакај ме, хоризонтот нека остане крај за моите погледи. Немој, не сакај ме, само така нема да престанам да минувам низ животот играјќи по патиштата. Немој, не сакај ме, мојата болка мене ми е претешка, со твојата не би знаела да се справам. Немој, не сакај ме, мојата солза најдобро се тркала по мојот образ. Немој, не сакај ме, бидејќи веќе секое објаснување е непотребно. Немој, не сакај ме, најубава сум со живоста во моите вени. Немој, не сакај ме, и онака е премногу тешко. Немој, не сакај не, овој пат е претесен за двајца. Немој, не сакај ме како што ме сакаат сите!

Monday, February 9, 2015

За овој миг

Раката му се лизгаше по моето рамо и топлејќи ми го вратот со воздишки,силно ме притисна до себе и ми го созададе она чувство во кое тонев. Веќе одамна бев изгубена во неговите раце, секој негов допир ме носеше во нови светови каде што сакав да останав. Очите исполнети со жар ме привлекуваа секој ден одново и одново и знаев дека бев немоќна да заминам. Со него имав сила да бидам она што сум без да се плашам од себе си, и знаев дека некој ко таква ме љуби. Без да праша ги знаеше одговорите, умееше да зборува со мене кога тонев во тишина, тогаш најубави ни беа разговорите. Не сакаше да знае што било, не го интересираше шо може да биде, убавината беше во тој момент, во тие чукања на срцата. Јас бев негова, тој беше мој, доволно беше. Телата ни се испреплетуваа како неискажаните мисли, допирите ни се сретнуваа како желбите. За првпат не беше страшно целата да се предадам некому, со воздишките, фантазиите, лудориите...Времето со него беше како бегање од реалноста, тогаш живеев за себе, живеев во мигот со разуздани чувства кои со насмевка ги гледав како галопираат околу нас. Нема размислување, само потреба да се предадеш, и ни за кратко да се запрашаш дали ќе добиеш. Го љубиш ко во сон, и не се плашиш дали ќе замине еден ден, дали ќе го сврти грбот без збогум. Во вашиот свет сѐ е поинаку и тоа те радува, бидејќи знаеш и да посака да отиде ќе го пуштиш без да го прашаш било што, ко што тој сега не прашува. Секоја воздишка е за овој миг, секој допир е среќа

, и знаеш дека подобро е да го имаш за момент во животот отколку да ја изгубиш можноста со него.

Wednesday, January 7, 2015

Стисок

Потпрена на прозорецот се надеваше дека ќе слушне нешто повеќе од ветрот кој ги нишаше гранките натрупани со снег. Часовникот веќе одамна ги помина бројките кои ја убиваа надежта, а таа сѐ уште чекаше. Неотворено вино ја красеше масата која оваа ноќ остана празна. Не издржа повеќе, го отвори и ја нали чашата малку повеќе од вообиченото, се соочи со фактот дека нема да дојде и оваа ноќ, па реши сепак да ја направи посебна, пушти тивка балада и се навали на фотељата од која убаво се гледаше пламенот кој го правеа дрвата. Посака да запали и цигара за целата слика да ја направи комплентна, но се откажа, веќе почна да се препушта. Пламенот кој ѝ одблескуваше во очите почна да ѝ навлегува и во мислите, таков беше пламенот кој тој го разгоруваше во неа, голем, силен, несопирлив. Голтна полека од виното, сакајќи да го почувствува како ѝ поминува низ грлото, си играше со чашата како тоа да беше неговата уста, овој пат премногу студена за вакво жешко срце. Ја остави на масичката до неа, издиша длабоко и ги затвори очите, дозволи музиката да ја одведе во еден друг свет, свет на задоволства.
                 Во тој миг тој се најде до неа, раката му тргна кон градите и ѝ го откопча првото копче, со усните почна да ја бакнува по вратот, додека се обидуваше да ја ослободи од таа проклета кошула. Го откопча и прслукот кој во тој момент не ѝ даваше да диши убаво, а многу воздух ѝ требаше во оваа возбудена состојба. Неговата рака се најде на нејзиниот задник и почна да се спушта надоле, завршувајќи го својот пат кај нејзиното меѓуножје, да го смири огнот кој таму веќе гореше, галејќи ја се побрзо и побрзо. Ги рашири нозете и почна да си игра побрзо и побрзо. И додека едната одвреме навреме ја стискаше силно меѓу нозете, со другата се галеше по телото одејќи кон градите каде шо завршуваше со силен стисок кој од неа вадеше звуци кои дополнително ја загреваа атмосферата која веќе почна да врие.
                 
               
                        Повеќе не можеше да се запре, вдишуваше и издишуваше се побрзо, кожата ѝ стануваше претесна, гласот посилен. Задоволството им се приближуваше на границите кои можеше да ги поднесе и пак се враќаше назад, си играше со нејзината издржливост. Но таа не престануваше, стануваше уште побрза, посилна, и тогаш кога почувствува дека е најблиску до врвот на најголемото задоволство стисна така што од неа излезе најсилниот звук и како целата возбуда да се ослободи и излезе од неа.
 
             Издиша длабоко и се почувствува многу подобро од кога започна. Беше среќна што не дозволи оваа ноќ лошо да заврши за неа, ги отвори очите, се насмеа и го допи виното до чашата. Ѕвончето заѕвони и знаеше дека тоа е тој. Го погледна часовникот, беше премногу доцна. Си ја закопча кошулата и си нали уште една чаша вино, вратата остана затворена.

Monday, December 15, 2014

Поглед низ прозорецот

       Во автобусот беше тишина, само двајца млади седнати еден спроти друг не проговоруваа ниту збор. Тој беше намуртен како да е крај на светот, додека нејзините очи се полнеа солзи успеавајќи некако да ги задржи таму.
-Ајде пушти ги солзите веќе еднаш, нема потреба да се мачиш. - ѝ рече тој со малку заповедувачки тон.
Во истиот момент се истурија солзи како да не плачела со години, липаше, тешко доаѓаше до воздух,се бореше со чувствата и губеше. Тој само ја погледна и се сврте кон прозорецот. Ниту го интересираше зошто плаче, ниту сакаше да почне разговор. Секој нормален човек би го сторил тоа, но тој не се сметаше себеси за таков. Липањето му ја рушеше тишината, се сврте и ја погледна целата со размачкана шминка и уште не ѝ текнуваше да запре, се намршти уште повеќе. Ѝ ги подаде паломите што случајно му се најдоа во џеб без да ѝ каже нештобидејќи ако ја отвореше устата сигурно ќе излеташе „Ружна си вака“. Друг би ја сожалувал, можеби би ја ислушал, би ја прегрнал, но тај само сакаше да престане, пошто му се лошеше од плачковци. Автобусот застана на последната станица и тој помисли се спаси, сега ќе оди дома, ќе отвори вино и ќе се прашува зашто не ѝ се развика. Се симна и таа, но стоеше таму како изгубена, не знаеше ни каде да отиде, ни што да направи, а тој беше човек кој забележува сѐ
-Да ти сварам кафе сакаш? Да се смириш малку? - не му се веруваше што кажа. Никогаш посилно не сакал да си удри шлаканица.
           -Ако не ти е проблем.
-Никако. - сега си должеше две шлаканици.
Се качија во станот и веднаш отиде да вари кафе, побрзо да заврши оваа драма што сам си ја приреди и поради која се мразеше.„И сега што? Ќе       почне тука да ти плаче, да ти раскажува некои љубовни глупости, да ти цимоли, да ти се лигави, а ти треба да ја слушаш. Е браво! Кој кур те тераше да ја викнеш тука, оди сеа па откачи ја, тие коа почнат да плачат не знаат колку им е доста, баш мислиш престанале, ете ги пак. Глуп си, ептен си глуп, сентиментални срања не се за тебе, зарем не научи. Шо ќе ѝ правиш сега? Ниту знаеш што да кажеш, ни па да слушаш. Уште толку ќе ја расплачеш, да те ебам у кретенот прост“ си збореше сам на себе додека го спремаше кафето. Немаше поим ни како да влезе во собата каде шо има расплакана девојка, нит па шо да ѝ каже и како да ја натера да замине. Гледајќи во кафето што го носеше во двете раци, не ја ни подигна главата, само ги стави филџаните на масата и тогаш забележа ја нема. Таа не беше веќе на креветот, туку стоеше покрај прозорецот и гледаше кон улица. „Само да не скокне“ се исплаши јунакот.
-Јас обично не плачам, извини за тоа во автобусот. -му рече таа сосема смирено, и нему веднаш му дојде да се насмее, но не беше човек шо се смее
-Кафето е готово. - поим немаше што друго да ѝ каже.
-Во ред е, да не те вознемирувам. - се сврте кон него.Тој дури тогаш успеа да ја забележи прекраснотијата на тие очи кои пред малку му изгледаа толку одбивни со шминка и тага во нив.
-Никако!-дури и потвикана. -Не ме вознемируваш. Седни.
-Не, убаво е тука до прозорецот, ги гледам луѓето на улицата, ме смируваат.
-Како? Мене ме нервираат и тоа многу.
-Сите се различни, свесен си колку приказни само поминуваат долу, колку светови се разминуваат
-Чудно размислуваш. - ѝ рече без да го тргне погледот од нејзините очи
-Можеби, но битно мене ме смирува. Тебе што те смирува?
Се збуни, не можеше да се сети кога последен пат бил смирен, онака вистински. А види колку било лесно, само еден поглед кон улицата. Застана и тој до неа да погледна кон улицата.
-Не знам, но сеа сум смирен. - насмевката конечно го проби патот до неговото лице.

Тоа беа тие, нејзините очи го смирија, таму виде еден нов живот што нему му требаше во моментот и додека да се свести раката му тргна кон неа. Ете се осуди да ја бакне па макар го фрлила низ истиов овој прозорец кој ја смирува. Таа исто имаше потреба да биде сакана во тој момент,ја стави раката на неговата глава и почна да си игра со косата. Страста се разгори,бакнежите продолжија,допирите изгубија контрола. Ја залепи за прозорецот и набрзина ѝ ја откопча кошулата, додека таа му ги пикна рацете во панталони. Почна нежно да ја грицка околу вратот, а таа силно ги стегаше нозете околку неговите кукови. Над онаа гужвата од луѓе се раѓаше една нова приказна. И не, сѐ уште не му беше доста од неа, ја зеде и ја однесе во спалната, ниту пак таа можеше да се соземи од неговите допири. И играта продолжи..
Утредента кога се разбуди после исцрпувачката ноќ нејзе ја немаше до него, а беше прва која се надеваше дека ќе остане. Не му беше сеедно што наиде на празнина бидејќи не можеше да ја стави во купот во кој ги ставаше сите претходни девојки. Повторно си го врати намуртениот изглед, ја избрка насмевката со која се разбуди, се почувствува разочарано. Зарем си дозволи да биде поразен од плачка? Плачка која имаше сѐ што му требаше, која гледаше сѐ она што тој престана да гледа, сѐ она што му фалеше во животот. Плачка која имаше очи кои смируваат. Не можеше да ја нарече ороспија ко што ги викаше сите останати бидејќи тој беше сега под нејзините нозе. Немаше поим каде да ја најде, а не сакаше ни да ја бара. Само пак стави пакетче паломи во џебот кога испадна надевајќи сѐ дека сепак ќе ја види некаде и ќе потрча по неа.
Од станот ни таа не замина со леснотија утрото, но не можеше да остане и да сакаше. На разгорена рана не се става пудра за да се сокрие, мора да почека да зазадрави за да може силно да ја претисне и да каже дека не боли, еден таков човек беше ептен силен стисок, во вакви тешки времиња не можеше да го земе на себе и неговиот голем товар. Му виде во очите дека неодама се умртвил,а таа немаше сили да учи некого повторно да живее во моменти кога и самата се трудеше да преживее.

Sunday, December 14, 2014

Дојди, тука сум

Ако сакаш да дојдеш да ме навредиш
Дојди навреди ме,
Јас ќе те гушнам
Ако сакаш да ме проколнеш
Дојди преколни ме сто пати
Јас ќе те гушнам
Ако сакаш со камен да фрлиш
Дојди фрли по мене
Јас ќе те гушнам
Ако сакаш да си ја стоплиш душата
Дојди слободно
Јас ќе те гушнам

Бидејќи и  мене некој ме има гушнато.

Молчи



                Напорен ден, многу работи недовршени, а толку малку време, не се трпи многу, не може веќе и да се трпи. Кога ќе се прелие лончето веќе не ти е гајле дали ќе претече. Уморна оставив сѐ и прилегнав, топлината од огнот се трудеше да ми го стопли студенилото во душата.
                -Сега кога најде малку време за себе реши да спиеш? – ми се јави некој глас чиј сопственик не го гледав.
                -Ајде станувај, оди земи малку воздух, разбистри го умот, отвори очи.
                Ко водена од дух ја облеков јакната и испаднав, и го видов она шо го очекував. Студени луѓе, намрштени приказни, заби кои гризат, очи кои колнат. Се разминував покрај луѓе кои ме заледуваа, и покрај што се сметав себе си веќе за доволно ладна. Околу само затворени прозорци, спуштени ролетни, пусти обиди за криење на болката, затемнување на просториите за да не се види темнината во куќата.  И одеднаш заборавен прозорец кој бесрамно го одсликуваше животот на семејството и не се каеше воопшто што им ги одава тајните играјќи си со нивата заборавеност. Подзастанав и се загледав, чие ли е тоа семејство? Малото дете со созли во очите зборуваше на татко му вртејќи се околу неговите нози, кој пак како хипнотизиран гледаше во она што се нарекуваше телевизија. И во очите на жената можеше да се виде несреќа која без живост средуваше околку газдата во куќа. Интересна слика, уште поинтересен разговор.
                -Тато, тато! Ми требаат пари, за училиште тато, те молам, дај ми.
                -Молчи бе! Молчи! Ти кажав дека немам, од кај да ти ги најдам.
                -Ама учителката рече..
                -Чим толку многу знае учителката нека ти даде она пари.
                -Ама тато. – детето почна да плаче.
            -Молчи реков! Молчи! Што плачеш без причина? Сакаш да ти ја удрам една да не плачеш за џабе.
                -Престани да му се дереш на детето, што е тоа криво што ти си пропалица.
              -Молчи и ти! Пази пред детево како се однесуваш. Ајде мали оди во твојата соба да учиш.Одма!
                Обидувајќи се да ги сопре солзите, детето се упати кон собата, и на излегување ја погледа мајка си со молба во очите, да го спаси некако. Ја затвори вратата и тогаш мислејќи дека никој веќе не го слуша го пушти гласот за да си ја олесни душата.
                -Што ти е тебе ма! – и мажот го пушти гласот. –Што ти е проблемот?
               -Што ми е проблемот? На детево не можеш да му обезбедиш пристоен живот, а сакаш друго.
                -Сакам и што! Ќе биде подобро, така кажуват на телевизја, ќе има и за тоа дете.
                -Кога? Со години слушам дека ќе биде подобро, кога? Не можам ниту да абортирам.
                -Тоа да не си го ни го помислила! Слушна!
    -Не! Си размислував ли ти што ќе му дадеш на тоа дете да јаде ако го родам? Што? За ова немаш а не пак за друго.
    -Ќе најдам! Ќе даде државата, ете гледаш дека дава на сите, зарем не слушаш вести?
    -Јас знам што гледам во фрижидерот , тоа ми е доволно. Јас закажав, да знаеш!
   -Што!? Што си закажала ти ма? Нормална ли си? – мажот стана и се упати кон жената.
     -Само ако направиш нешто ќе те убијам да знаеш.
    -Убиј ме тогаш! Јас утре одам и ќе ги поминам сите глупости што треба да ги минам ама ќе абортирам, после може да биде и доцна.
     -Молчи! – во немоќ ја подигна раката и ја удри жената толку силно што таа падна. -Има да родиш јасно! Ако тие велат дека така треба да биде, така треба да биде! Јас знам што правам, ќе помогнат тие, не џабе трчкам само ваму таму! Не е толку лош, зарем не слушаш. Збор да не чујам од тебе повеќе, ни збор!
    Од жената повеќе не се слушна ниту збор, но во очите ѝ се гледаше дека имаше донесено цврста одлука, илјада удари не можеа да ја спречат. Таа неуморно одеше по улиците секој ден барајќи работа, пред нејзинот нос ги затвараа вратите, гледаше како надежта сѐ повеќе умира, знаеше дека не ја чека подобро утро, имаше јасна претстава за тоа каде е. Немаше збор што ќе ја премисли. Нејзиното срце се кршеше коа го гледаше своето дете како се бори со сиромаштијата, две деца да се борат со иста сиромаштија тоа ќе беше премногу.
                -Те чека уште работа, ајде. – пак го слушнав гласот што немаше сопственик.

     Се свртев и ги отворив очите. Пак бев во својата соба, а сонот не можеше да ми излезе од мисли. Може да биде сеедно кога ќе се прелие чашата? Може ли да се легне да се одмори? И чие ли беше тоа семјество што го сонував? Наше можеби.