Еве ме, порасната, годините сѐ уште мали за да ми ги
надраснат желбите, но почнуваат да натежнуваат. Овде сум некаде на средина, а
сепак сум изгубена, како да стојам помеѓу два света, ниту еден од нив мој, ниту
еден доволно реален. Излегов од едниот и не можам пак да се вратам назад, не ми
доволува чекорот, во другиот се плашам и да помислам на влегување. Ништо од
оваа не требаше вака да биде, зборовите кои ми ги даваа насоките сликаа
поразлични слики за реалноста. Толку многу зборови кажани со тежина и фрлени во
празно. Барем да не ги изговреше татко, понекогаш се прашувам дали подобро ќе
беше да ми премолчеше. Од толку многу зборување ме излажа без да знаеш, без да
посакаш, а знаеш дека ти верував. Ти така ме учеше зарем не? Да верувам и во
себе и во останатите, дека вербата може да го срони секој камен и да ги скрши прангите
околу. Сета верба во мене како да се задоми, удирав по камењата со сета сила,
без размислување си ги виткав рацете околу прангите без да знам дека можат тие
и крв да пуштат, белези да ми напишат по душата. Не умеав да ја убедам ни
околината дека не боли, дека само умеам да се смеам, лажењето го убива човекот,
така ми велеше. Искрените зборови требаше да се мојот клуч кон вратите на
светот, а само ме направија играчка во него, никогаш не дознав како е да си
поиграш без да размислиш два пати. Секогаш треба да се размислува два пати. И
додека јас мислев луѓето околу мене се шушкаа, и додека јас верував и на себе
дека светот можам да го сменам и на ним дека сакаат да бидат дел од тој свет веќе ме клоцнаа од него. Не сакам
назад, бидејќи она што ми велеше дека е бело не можеш да знаеш дали е одблесок
на црнината, дали зборот е искрен или завиткан во прекрасна кутија за подароци,
дали вербата ќе успее да те свие тебе пред ти да ги скршиш прангите. Барем да
молчеше татко, тогаш можеби сама ќе научев дека со чесноста можеш да добиеш и шлаканица,
со вербата доаѓа и ножот, и дека ниту една вистина не може да има еден лик. А
сега татко погледни ме, ме научи сето она што не требаше да го знам да за
успеам, и сега оди одвикни ме од таа вечна навика да му верувам на светот додека
гласно кажува сѐ она што мене ми наликува на вистина без малтер. Сега ваква,
сосема неспремна на светот каде да тргнам? Ќе успеам ли да продолжам надвор од
твојот свет? Убаво е да си го подготвиш чедото за светот во кој сакаш да живее,
но тешко е да го предадеш на светот што навистина го чека со раширени канџи.
Monday, September 28, 2015
Monday, September 21, 2015
Да си заминам!
Зошто сакаш да си заминеш?
Можеби не сакам моето дете утре да биде прегазено на сред улица, пешачки премин или на плоштад и од сето тоа да остане само молк.
Бидјеќи не сакам да се плашам повеќе да го доверам животот на мојот лекар, знам дека и од нив сѐ што беше добро го фати патот.
Зошто сакам да си заминам?
Можеби не сакам моето дете утре да биде прегазено на сред улица, пешачки премин или на плоштад и од сето тоа да остане само молк.
Зошто сакам да си заминам?
Сум размислувала како би било убаво да можеше да живееш без страв од подредениот, со други можности пред себе, и убава слика е тоа, многу поубава од оваа овде.
Зошто ли сакам да си заминам?
Бидејќи јас моето здравје можам да го фрлам и под мост, но да го сторам тоа на своето најблиско не би можела ни да помислам на сопствената прошка.
Зошто ли сакам да си заминам?
Зошто не сакам да бидам исплашена дали некој љубеник може да прочита некоја моја реченица и да ја перцепира како грда и непослушна.
Зошто сакам да си заминам?
Можеби затоа што сакам да бидам видена како она што сум навистина, наместо бројки и бои да го шараат моето име при секој мој сопствено искажан збор, наместо да ми се бројат пријателите, наместо способностите, наместо умот да ми се гледа јазикот.
Зошто сакам да си заминам?
Хм... а зошто би сакала да останам?
Monday, August 31, 2015
За себе
Седна на креветот и почна да ги менува програмите,не можеше да најде ништо интересно, немаше програма која можеше да ѝ го задржи вниманието. Ветерот кој удираше во нејзиниот прозорец ја одземаше од светот, ја навраќаше во едно време во кое не сакаше да оди. На крајот стана и го отвори прозорецот, го пушти ветрот да ѝ прошета низ собата. Не почувствува студ иако беше прилично ладно. Таа беше отрпната од студенилото,ништо не можеше да ѝ го замрзне здивот повеќе. Се наколони на прозорецот и дозволи ноќта да ја одземе, ги затвори очите и тргна кон местото коа се трудеше да го заборави.
Тогаш беше лето, пеколно топло лето, со запалени улици под нозе и уште позапаленото срце по него. Беше свесена дека го сака, дека го сака многу и не се плашеше од таа љубов, сакаше само да ужива, и да го гледа насмеан. Тоа лето како и секое друго има свој најтопол ден, оној ден кога сите се дома и уживаат во своите пијалоци полни мраз. За неа беше грев таков ден да помине сама, зеде ладно пиво и се упати кон неговиот дом, знаеше дека ќе го изненади,ако не пивото барем таа. Вратата беше отворена, иако илајда пати го опоменуваше за таа лоша навика сега се израдува што повторно го сторил тоа. Можеше да го гушне одпозади или да го разбуди со бакнеж, се насмеа задоволно во себе. Но кога го даде првиот чекор во таа соба која ѝ беше омилено прибежиште се замре, и насмевката испари во воздухот, животот истече од очите, љубовта си замина со најсилен врисок. Тој лежеше со друга покрај него, ја гледаше со смирен поглед, како да не ја познаваше, како таа да не беше неговото злато, срце... љубов. Главата ѝ зовре,посака да искрши сѐ околу себе,сакаше да вришти онолку силно колку што ја болеше внатре, но немаше доволно силен глас за тоа. А тој само ја гледаше и како да ѝ се смешкаше, не се ни трудеше да се извини, ни да се оправда, ни да каже било што. Уживаше во нејзината болка , во очајот во нејзините очи, во слабоста нејзина, или барем нејзе така ѝ се чинеше. За миг се изгуби во неговото исмејување и не можеше повеќе да се контролира, а да не дигна раката и искрши сѐ. Знаеше дека го заслужува тоа, и малку ќе му беше за сѐ она што ѝ стори, не мислеше дека ќе си ја извалка раката, не ѝ беше гајле. Но тогаш кога требаше да го стори она што мислеше дека ќе ѝ ја олесни душата, сфати дека може подобро, таа може многу подобро. Полека ја спушти раката и само се насмеа исто онака како што тој ѝ се смееше,и кога ја затвори вратата само си повтори „Не за него,за мене“. Од тој ден, кога најтоплото ѝ стана најстудено, ништо не можеше да ја заледи уште повеќе, излезе од таа соба како мраз и остана таква. Затоа ја сакаше зимата, го сакаше ветрот, мразот,
студенилото... бидејќи знаеше, не ѝ можат веќе ништо, таа е само една од нив.
Тогаш беше лето, пеколно топло лето, со запалени улици под нозе и уште позапаленото срце по него. Беше свесена дека го сака, дека го сака многу и не се плашеше од таа љубов, сакаше само да ужива, и да го гледа насмеан. Тоа лето како и секое друго има свој најтопол ден, оној ден кога сите се дома и уживаат во своите пијалоци полни мраз. За неа беше грев таков ден да помине сама, зеде ладно пиво и се упати кон неговиот дом, знаеше дека ќе го изненади,ако не пивото барем таа. Вратата беше отворена, иако илајда пати го опоменуваше за таа лоша навика сега се израдува што повторно го сторил тоа. Можеше да го гушне одпозади или да го разбуди со бакнеж, се насмеа задоволно во себе. Но кога го даде првиот чекор во таа соба која ѝ беше омилено прибежиште се замре, и насмевката испари во воздухот, животот истече од очите, љубовта си замина со најсилен врисок. Тој лежеше со друга покрај него, ја гледаше со смирен поглед, како да не ја познаваше, како таа да не беше неговото злато, срце... љубов. Главата ѝ зовре,посака да искрши сѐ околу себе,сакаше да вришти онолку силно колку што ја болеше внатре, но немаше доволно силен глас за тоа. А тој само ја гледаше и како да ѝ се смешкаше, не се ни трудеше да се извини, ни да се оправда, ни да каже било што. Уживаше во нејзината болка , во очајот во нејзините очи, во слабоста нејзина, или барем нејзе така ѝ се чинеше. За миг се изгуби во неговото исмејување и не можеше повеќе да се контролира, а да не дигна раката и искрши сѐ. Знаеше дека го заслужува тоа, и малку ќе му беше за сѐ она што ѝ стори, не мислеше дека ќе си ја извалка раката, не ѝ беше гајле. Но тогаш кога требаше да го стори она што мислеше дека ќе ѝ ја олесни душата, сфати дека може подобро, таа може многу подобро. Полека ја спушти раката и само се насмеа исто онака како што тој ѝ се смееше,и кога ја затвори вратата само си повтори „Не за него,за мене“. Од тој ден, кога најтоплото ѝ стана најстудено, ништо не можеше да ја заледи уште повеќе, излезе од таа соба како мраз и остана таква. Затоа ја сакаше зимата, го сакаше ветрот, мразот,
студенилото... бидејќи знаеше, не ѝ можат веќе ништо, таа е само една од нив.Friday, August 21, 2015
Сега јас сум тука
Ме гледаш со очи полни надеж. Да сториле хаос од страсти
и воздишки, си велиме и двајцата во мислите. Желбата ни е поделена, ни треба
оваа верба дека може да се изгради свет со темели од емоции. Силно веруваме, но
не се лажеме. Никој не сака да се даде целосно, никој не сака да го пружи
срцето на дланка и да си ги фрли очите на патот. Па и да го сториш тоа нема да
го земам. Што ќе ми е? Си имам јас едно во градиве, нема да знам што да му
правам, а баш фино изгледа таму кај тебе. Не сум дојдена да ти грабам од
телото, но може да те изгребам.
Сакам да седиме и да молчиме со часови, секој со својата мисла. И таа пукнатина
низ која исплашено ѕирка надежта, сум ја забележала, ама нема да прашам за неа.
Штом не знам, значи не треба да знам. И двајцата сме луѓе од резерва, не е до
нас, до времето е. Убаво е што пак се смееме, што се обидуваме, убаво е што ја
гледаме раната и шепотиме, ќе помине, ќе пече и ќе се умори. Чудаци сме и тоа е
добро, искрени сме, така сме научени, од родителте, од животот. Ти сакаш да
даваш, ја сакам да земам колку што ми е потребно, ти сакаш да се препуштиш, јас
сакам да потонам. Тоа се тие различности што нѐ спојуваат. Копнееме еден на
друг да си ја дадеме првата наивна љубов, онаа испишана по илјадници страници,
онаа која секој ден му дава желба за
живот на поетот. Но, признаваме дека не можеме, сме ја потрошиле таа, еден
примерок ни даваат кога се раѓаме, а ние веруваме дека е пробна верзија. Слатка
заблуда. И без да прашам знам дека таму имала некоја, која те опсипувала со
љубов, онаа што веќе сум ја потрошила, некоја со која сте сонувала дека и денес
таа ќе е овде, а не јас. Можеби и поубаво ќе било така, таа сега да те држи за
рака, можеби повеќе ќе те сака од мене, можеби нема да се разфрла со резерви.
Сигурно и те сакала повеќе, те чувала ко светот да ѝ зависел од тебе. Ти го
зела срцето кога си ѝ подадел, сте си ги замениле. Ама секое срце има само едно
тело. И нејзе ја нема повеќе покрај тебе, заминала. Сега јас сум тука.
Понекогаш преголемата љубов може да биде загушна, може да искулминира и одеднаш
да се тресне од земја. Може да ти го сврти умот и ти да престанеш да се љубиш самиот, да ти ги затвори очите и со кофа вода потоа да те разбуди. И тоа е во ред, тоа е вистината што ретко сакаме да ја прифатиме. Сѐ додека се прифаќаме такви здробени од животот, можеме да молчиме заедно и да уживаме. Сите ние имаме некој кој не сакал повеќе, сум имала и јас, но поголема љубов не значи и поголема среќа. Во ред е тоа. Насмевни се!
Sunday, August 9, 2015
Нека им биде
Tuesday, August 4, 2015
Другарите на татко ми
Се сеќава ко вчера да беше, јас мала, облечена во
летно фустанче заедно со татко ми шетам низ чаршијата. Тој насмеан од уво до
уво, јас исто толку напрчена, татината принцеза се шета низ градот. Околу нас
многу луѓе кои го отпоздравуваат, некои и подзастануваат, тоа се
неговите другари, ќе ме потштипнат по образот и ќе ми дадат нешто, бомбонче,
пуканки, било што бидејќи јас сум она помалото и послаткото, само да не знае
сестра ми. Тоа беше најголемата тајна која сум ја чувала. Чаршијата е весела, во
неа има весели луѓе полни оптимизам, тие знаат дека утре ќе биде подобро иако и
сега не е многу лошо. Слатката која ќе му ја купат на малото девојче нема да ѝ
скрати од трпезата. Наздравуваат во име на тоа, се смеат, го полнат градот со
радост. Животот е убав, велат тие и продолжуваат.
Еве поминаа години и јас не
сум повеќе тоа мало девојче. И ден денес сретнувам дел од тие луѓе по улиците,
многу поретко по чаршијата, но не ме застануваат, ретко кој од нив и ме
поздравува. Не ме познаваат повеќе, со татко ми не си личиме еден на друг, додека
тој е црномурест јас сум бела како сирење, што би рекла тетка ми, од ликот не сум му зела ништо, сум го наследила оној крут карактер и тоа не поврзува повеќе од носење иста боја на очи. И јас им ги
имам заборавено имињата, но ми се врзани во спомените, ете го оној што ми
кажуваше приказни, тој што ми даваше пуканки, оној што игравме загатки, и така
еден куп. Тоа повеќе не се истите луѓе, годините поминале, но животот ги
променил. Чекорат со долу наведната глава, некаде се замислени, секој како
товар да носи на себе. Се изгубил сјајот во очите, оној оптимизам кој го
зрачеа, тие луѓе заборавиле дури и да се смејат. Ретко се поздравуваат на
улиците, само млитаво климнуваат со главите и одма се вртат на другата страна.
Ниту градот веќе не е весел, ниту чаршијата полна, ниту некој наздравува за
животот овде. Свесни се за тоа, одеднаш животот престана да биде толку убав, ги
разочара, им го грабна најмилото, ги падна на колениците и им ја спушти
главата. Знаат дека утре нема да биде подобро, а знам и јас, но јас не сум ни
приближно до нивна врсничка, и тоа боли како мртво срце во младо тело!Sunday, July 26, 2015
Седи таму, да ти глумам недостижна.
Мислиш
лесно е да глумиш недостижен, па тоа е најтeшката животна улога, а еве не можам
да кажам дека не знам да глумам. На секој твој поглед треба да воздивнам со
рамнодушност, да пафнам здодевно со устата и да се свртам на другата страна
иако би сакала да ги пружам рацете и да те гушнам. Твоите гради се направени за
да имам каде да ја наклонам главата, ти не смееш да се потргнеш, ако се
потргнеш можам да паднам во безнадежност, и тоа не смееш да го дознаеш. Секогаш
кога ќе се понудиш да ме утешиш треба да ти стаавам до знаење дека ти си
слабиот, а јас полна моќ што светови руши. Со мене не можеш да си поиграш,
ледот во мене зима носи, од мојот оган само јас се греам, оној кој пружа рака
да се стопли може и да замрзне, биди внимателен. Твоето место е овде, пред
мене, мислам дека ти е доволно јасно, дозволи јас да го направам филмот, да го
напишам сценариото, да ги доделам улогите, и везден по нешто да менувам. Нема
девојка, која не сонува за машко кое коленичи, нема девојка која не сака да
господари. За среќа не можеш да си заминеш, бидејќи некаде прочитав дека си ми
суден, дека судбината за мене те скроила. Ветен си ми, јас те ветив, а
ветувањата се трудам да ги исполнам. Да се завртиш и да си заминеш, тоа е нешто
што не смееш ни да го помислиш. Секој мој замрзнат поглед, сета моја
рамнодушност, сето тоа е твое. Зарем би можел да се пожалиш дека не си сакан?
Зарем би можел да погледнеш друга? Тие очи се само за мене, за мојот леден
поглед, тие раце се за утеха на мојата неискажана тага. Појасно не може да
биде. И што е со оваа наведната глава? Што треба да значи тој чекор на назад?
Зарем ќе си заминеш? Каде можеш да отидеш, кога подобра од мене не постои. Да те молам да останеш, доволно ли ќе е? Еве
колку и да викам залудно е, не можеш ни да ме слушнеш, а срцето вришти. Празнина
околу остави, а толку се трудев да те задржам, од мене најлошото го извадив, за
да го засакаш, најдоброто го прескокнав. Ме остави или те избркав? Ајде врати
се, нема да се налутам, ајде дојди, ќе се насмеам, ајде и срце ќе отворам,
ајде... Ќе се вратиш ли? Јас сум ранлива, јас сум слаба, верувај ми, јас глумам.
Subscribe to:
Posts (Atom)


