Заглавени некаде помеѓу вистината и лагата се обидуваме да изиграме претстава на искусни актери во банална сегашност. Се лажеме дека сме истапиле еден чекор понапред но ја пружаме ракате за заедно да го понесеме туѓиот суд. Ги бараме телата на грешниците за да ја неутрализираме нашата човечка нарав. Си требаме ко нотите на светлината и сенките на музиката, да се испреплетеме еден со друг, та најголемите уметници да не фрлат во купот изгужвана хартија, идејата ко
фетус навестува убави чувства, внесана во нас ќе ја изнесеме на светот. Деца сме со потреба на љубов , да лебдиме над облаци од недопрености, старци сме со индиферентност кон сликата, скапа уметност за ситни пари. Меѓу нив да ме најдеш, средина да ми бидеш. Ако останало нешто од надевањето ќе не нурне во вакумски простор, искуството од кое го вртиме погледот ќе не научи да дишеме низ очите на другиот. Да се наоѓаме во мрак и да се љубиме под месечева светлост, да се бараме како зракот што го нашол патот да се слее по раните на земјата, и ги љуби туѓите лузни. Наликуваме на познати души, раѓаме апстракции со секој допир, подготвени сме да се разбудиме, но врзани за стариот кревет. Постојам ли јас од некогаштината? Изгубена ли е наивноста на почетоците, евтино ја продадовме нејзината убавина? Ќе му дозволиме ли на капитализмот да не украде од светот? Вреди ли да се биде креација на лузни? Си се прашал ли некогаш? Си одлучил ли? Записите низ порите на постоењето го замаглуваат прозорецот на старата куќа. Премногу топлина во затворени ѕидови, се препотувам и вриштам на романтизам, скриена од лошо скоцкан реализам. А се што сакам е да љубам, да го запалам светот со шарени огнови. Да запишам приказни по твоето тело, да ти вдахнам воздух во твоето грло. Низ телото да се впуштам себе си, да те припијам ко живот, да те земам колку што можам да и украдам на ноќта и да не те вратам. Мој да бидеш за да почувствуваш како се слеваат водопадите врз твоите усни. Да ѕирнам во тебе и да се пуштам во брановите. Да ги измешаме течностите од секој наш екот, бидејќи се што сакам е само да те љубам.
Saturday, August 18, 2018
Saturday, August 11, 2018
Дозволи да водам

Thursday, June 7, 2018
ВРЕЖАНИ СЕЌАВАЊА
Нејзината младост го
предизвикуваше полетниот маж во него, додека се движеше покрај креветот со
широките колкови во неговите очи блеснуваше нескротлив нагон. Не му беше
доволно само да ги гледа тие облини што
импонираат како да не е таму, сакаше
со прстите да го помине секој дел од нејзината кожа, со јазикот да ја
почувстува врелината на нејзиното битие, да му се врежи во сеќавањата нејзината
слаткост. Бараше начин да ја сокрие во себе, да биде способен да ја
има и кога ќе си замине, бидејќи тоа беше неминовно. Да ги стопи
височините и да ги потполни сите
вдлабнатини, да ја запише на јазикот на незаборавот. Секој миг, секој час беше
желен за неа, сакаше да ја гледа како се грчи од задоволство под неговото тело,
како ѝ се креваат градите и ги допираат неговите, како трепери при неговите допири додека
нејзините нокти му испишуваа спомени на грбот.
Слушаше како ја полни целата соба со воздишки во ритамот на неговите
понирања прилагодувајќи се на композицијата на нејзините потреби. Таа сето тоа
го знаеше, го читаше копнежот во секој негов збор, здивот застанат на нејзините
гради кој и го зголемуваше тактот на срцето, секој треперлив поглед по
нејзините нозе, гледаше како искрата од
очите му се разлеваше по целото тело а жилата силна му плусираше штом ќе ја
види како ја зафрла косата наназад пред спиење. Уживаше чувстувајќи му ги очите
залепени за нејзините бутини, намерно ги цепкаше движењата на мали и бавни за
да украде уште малку од задоволството на посакувањето, играјќи си на работ на
страста и оганот, но штом ќе ја положеше раката на неговите гради, се оделуваше
од своето тонејќи во неговото присуство, чувстувајќи ја цврстината на неговиот
поход. Танцуваше по музиката на неговите стисоци, вреснуваше при секој повисок
тон, собираше сили на секоја ниска нота, и секое ново грчење на мускулите ја
буташе поблиску до задоволството. Моментот кога ќе се разлееше низ неа, цврсто
ќе ги залепеше очите обидувајќи се да го врежи таков во сеќавање, за да биде
таму и кога ќе го нема бидејќи еден ден сите заминуваат.Thursday, April 19, 2018
Цветот во моите раце
Пролетни градини, расцветани
дворови и опојни мириси кои вдахнуваат
надеж, само убавини околу. Ова се мигови на љубење. Ветерот го носи занесот на
прагот, птиците ги скокотаат соновите, цветот ја враќа младоста. Погледни ги и
впиј ги во себе како што тие без да прашаат ти ја зедоа желбата под рака, и
рамо до рамо ја понесоа по нивниот пат. Денес лесно се дише, воздухот побрзо го
наоѓа патот до животот, насмевката до лицето. Време е на будење, правење
простор за нови гнезда во срцата, и нови мириси од цветовите.

Ништо од оваа да не биде, да израснам убав и раскошен
цвет, со опоен мирис и цврсто стебло, што ако се разбудам едно утро и него го
нема, како што те снема тебе, како што те набра некој друг.
Friday, March 16, 2018
Ох, Македонијо!
Ги слушаш ли мила моја сите лелекања за тебе, тие пролеани солзи? Замолчи ги сите лицемерни викови, избегај им на сите прегратки со ножеви во рацете, сакаат да те дотолчат вака намачена. Само запрашај се, те слуша ли некој мила? Каде беа додека ти го соблекуваа рувото, почнувајќи од ракавицата, па сега кукаат поради долниот веш, каде беа кога те продаваа како ефтина парче месо по скапи хотели. Те соголија низ приказните за љубов, образот пепел ти го сторија, погледот во подот ти го заковаа, па и шамивчето со кое си ги бришеше солзите ти го продадоа.
Погледни, крвариш и никој не ти става мелем на раната, не се ни свртуваат да те видат. Никој мила моја. Сама си во рацете на гладни ѕверови од сите родови и бои. Те грабаат за да го изголдаат и последното месо од твоите голи коски. Ти ветуваат слобода, а те пикаат во беда. Ох, моја Македонијо! Твоите полиња се празни, детската врева заоѓа, слепи ли се? Не им се гледа, не им се слуша, нивните сетила ги обвива блескот од соништата. Ох, мила, ти одвај дишиш и се одржуваш во живот, се бориш како лавица, но ти снемува снага, од порите ти испарува иднината. Те погребуваат, но не те боли повеќе, се навикна на мртва трка, младоста што ти бега од рацете те носи на рабовите на смртта. Знам, оние кои ти беа надеж, од куферите те извадија додека ги полнеа со соништа и не можеш да ги обвиниш. Фрлена на подот, смачкана, непоправлива.
Тешко е! Издржи, друго и не ти останува мила. Ако ти е за утеха, не си ти виновна!
Погледни, крвариш и никој не ти става мелем на раната, не се ни свртуваат да те видат. Никој мила моја. Сама си во рацете на гладни ѕверови од сите родови и бои. Те грабаат за да го изголдаат и последното месо од твоите голи коски. Ти ветуваат слобода, а те пикаат во беда. Ох, моја Македонијо! Твоите полиња се празни, детската врева заоѓа, слепи ли се? Не им се гледа, не им се слуша, нивните сетила ги обвива блескот од соништата. Ох, мила, ти одвај дишиш и се одржуваш во живот, се бориш како лавица, но ти снемува снага, од порите ти испарува иднината. Те погребуваат, но не те боли повеќе, се навикна на мртва трка, младоста што ти бега од рацете те носи на рабовите на смртта. Знам, оние кои ти беа надеж, од куферите те извадија додека ги полнеа со соништа и не можеш да ги обвиниш. Фрлена на подот, смачкана, непоправлива.
Тешко е! Издржи, друго и не ти останува мила. Ако ти е за утеха, не си ти виновна!
Monday, March 12, 2018
Глина

Wednesday, February 21, 2018
Птица без крилја
Кога на птицата ќе и се пресечат крилјата не се
појавуваат нови. Се обидува да замавне, се што и останува се вечните обиди, но
залудно. Воздухот се уште е истиот од вчера, денот можеби дури и посветол, но
крилјата ги нема. Светлината родена во срцето зајдува, среќата која извира од душата се губи.
Блесокот претворен во темнина, патот во џунгла. А сепак се е исто ко вчера.
Кога на птицaтa ќе и ги пресечеш крилјата таа умира, а Сонцето повторно се
раѓа.
Subscribe to:
Posts (Atom)