Подадени раце и ладен
воздух, се навикнуваш. Се откажувам од луѓето. Околу мене илјада патокази, секој на себе има ознаки
на љубов, симболи на вера, сувенири на надежта и сите до еден само сакат да се
продадат, без малку суштина.И стојам и
продолжувам, истовремено. Часовникот отчукува претопен во тишината, гревна вековината. Помодрените очи барајќи ja во туѓите
раце ко во крадци испрснаа. Само требаше во себе да ѕирнам и да го видам она
чија потрага ме доведе до слепило. Овде, во мене е, плусира и чека да ја слушнам. Оглувена од играњето на туѓата музика не се осврнувам на отчукувањето. Никој не гледа во мене,а јас безока вџарена во сите.Падната на земја, не ми текнува да ја кренам,
на височините ја барам, ко да е дар, а не абер за засукани ракави.Илузијата ме одмара на рабовите на надежта и
таму во безнадежието ја допирам. Мека е и фина, изградена од патишта неизодени,
научени лекции и матни фрази, лузни и бакнежи, лизгања и извици на задоволства,
прекрасно се измешале едно преку друго, едно до друго, едно во друго.Ја наоѓам исплашена, но не и изгубена. Се
прилагодува на мојот допир, ако претиснам се свива, ако се подигнам се крева.
Можам да ја обликувам по желба само треба да и дозволам низ моиве раце
да заигра, среќа е велат, сам ја создаваш.