
Friday, May 31, 2013
Крај без почеток
Секогаш се будеше пред да го досонува сонот, никогаш не ги сакаше
краевите... не знаеше да се справи со нив. За него не постоеше среќен крај, крајот можеше
да биде се, но не и синоним за среќa. Затоа секогаш кога ќе ја видеше на улица ќе
поминеше покрај неа без да и каже Здраво за да не мора да и каже Збогум некогаш. И секогаш кога ќе поминеше покрај неа ја гледаше нејзината убава душа со која несебично се разфрлаше наоколу. Сакаше да ги затвори очите пред таа убавина за
да не гледа како се губи во далечинатa. Никогаш не се осудуваше да ја спореди
топлината на прегратката со болката на разделбата. Тој знаеше дека ќе умее да љуби само еднаш и
никогаш повеќе, само еднаш ќе се предаде целосно и без прашања, а потоа се ќе
биде игра. Брзо учеше и многу лесно го фаќаше ритмот,
затоа и го вртеше грбот на музиката..
Немаше човек кој не го излажал, кој не го
изневерил, немаше човек кој секогаш вредел повеќе од неговите зборови, а беше свесен дека и таа е иста како нив. И ако се пружеше по неа знаеше дека таму
некогаш ќе се појави лага, мала несебична и небитна лага која ќе уништи се. А тој не знаеше да простува, дури и кога и
срцето и разумот ќе се споеја гордоста ќе надминеше. Животот го избриша тој збор од неговиот
речник, луѓето за кои веруваше дека можат да го изговорат само ги фрлија
последните лопати. А кога гордоста победува љубовта умира. И секое утре поминуваше покрај неа без да и
каже Здраво само за да ја зачува љубовта и во него и во неа, чиста и вистинска.

Saturday, May 25, 2013
Проклети луѓе

Tuesday, May 14, 2013
Изгрејсонцето ќе го донесе новиот ден, новиот ден ќе донесе нови патишта
Застана на прагот замислена, се двоумеше
дали да го даде првиот чекор или да истрача од таму како неискусна жена. А толку време помина од последниот бакнеж,
од таа силна прегратка....
помина без да се потроши. Неговиот поглед мамеше, ја влечеше како магнет кон себе забранувајќи
и да размислува. Не знаеше
дали само така нејзе ѝ се
чинеше поради долгото одсуство на маж од нејзиниот живот или тој сепак се
двоеше од целото тоа сивило. На крајот на краиштата и не беше важно, беше сладок и тоа беше
доволно. Ја прифати играта на занесното срце и се
втурна во авантурата на
една ноќ, за се постоеше прв пат, со доза на среќа се смешкаше во себе
Тој беше желен за љубов, за топлина, му се здосади од сѐ
друго, се измори... па доста беше. Таа пак се заколна дека никогаш повеќе нема да љуби, ќе биде како
што беа тие што ја љубеа, слободна, насмеана и студена. Седнаа и се препуштија на виното, ноќта
беше долга а тие не се брзаа никаде. Додека тој се обидуваше да си ја отвори душата за прв пат, во
нејзинте очи можеше само да се прочита желба. Не слушаше ниту збор од она што тој го
кажуваше иако во
оваа ноќ таа за
него блескаше најсилно и од најголемата ѕвезда. Не беше заинтересирана за неговите бакнежи
на туѓите усни кога сега нејзините му беа толку блиску, не е важно, што било вчера е минато, а таа живее за сега. Уживаше во улогата на лоша девојка со
ангелска насмевка


Wednesday, May 8, 2013
Херојот без љубов

Патот е за да го изодиш сам, тој само така умееше, исто како што умееше подобро да љуби и да остава отколку да љуби и да дозволи да
биде љубен
Оваа ноќ се врати порано дома, не можеше повеќе да седи таму и да
ја гледа како се смешка. Го имаше
се уште тој сјај во очите, пленуваше со својата насмевка, и наместо да се
изгуби таа како да се препороди. Блескаше и владееше, и токму овде пред неговите очи. И додека за рака држеше друга девојка,
одвај го контролираше бесот кон оние кои не го симнуваа погледот од неговата
мала. Сакаше да се стрчне, да ја прегрне, да ја бакне, да им
покаже на сите дека е негова и потоа да ја однесе некаде далеку од сите погледи. Сакаше само тој да ужива во нејзината
убавина, не само во очите, усните, лицето, туку у во ведрината со која зрачеше. Но храбрите луѓе не прават патетични нешта
зарем не? Тие само љубат и оставаат, не трчаат и не бегаат.
Неговото срце не можеше да го поднесе нејзинот поглед да пленува
друг, нејзините усни на друг да се смешкат. Можеби храбрите не бегаат, но тој мораше да се изгуби од тоа место
се додека уште може да се контролира Ја испрати „девојката“ и побрза да отиде дома. Отвори шише вино и го погледна небото,
сакаше да биде сам, а всушност тоа и беше цело време после неа. Чувствуваше дека се го боли, од пред очи
не можеше да ја избрише нејзината слика... ах колку само беше убава. Очите и светкаа како сијалички и му ја
топлеа душата, чисти и искрени како и секогаш, усните... ги имаше највкусните
усни на светот. Некогаш
му се предаваа сами сега беа толку далечни и што е пострашно од се можеби туѓи. Дали некогаш ќе успее да ја забрави се
прашуваше со месеци, еве се труди, но ниедна ја немаше нејзината душа. Дали некогаш можеше да ја заборави
прегратката која му велеше јас сум тука, раширените раце и во добро и во зло? Дали можеше да заборави дека го сакаше и
кога беше најлош и кога беше најдобар, и кога беше на дното и кога беше на
врвот? Допирите кои велеа твоја сум вечно ќе
останат врежени во неговите сеќавања. Само таа знаеше како да се справи со него кога и тој самиот не
знаеше, ете да беше тука и сега ќе знаеше да му каже како додека се губи. Никогаш нема да си прости што не сакаше да
научи да љуби, а со секој ден се повеќе ја љубеше.И ја мразеше оваа празна рака, го мразеше
јакиот фраер, ги мрзаеше сите стравови и лоши
приказни, се мразеше без неа што ја истурка од себе. Бидејќи херојот без љубов е само обичен слабак
Subscribe to:
Posts (Atom)