
Патот е за да го изодиш сам, тој само така умееше, исто како што умееше подобро да љуби и да остава отколку да љуби и да дозволи да
биде љубен
Оваа ноќ се врати порано дома, не можеше повеќе да седи таму и да
ја гледа како се смешка. Го имаше
се уште тој сјај во очите, пленуваше со својата насмевка, и наместо да се
изгуби таа како да се препороди. Блескаше и владееше, и токму овде пред неговите очи. И додека за рака држеше друга девојка,
одвај го контролираше бесот кон оние кои не го симнуваа погледот од неговата
мала. Сакаше да се стрчне, да ја прегрне, да ја бакне, да им
покаже на сите дека е негова и потоа да ја однесе некаде далеку од сите погледи. Сакаше само тој да ужива во нејзината
убавина, не само во очите, усните, лицето, туку у во ведрината со која зрачеше. Но храбрите луѓе не прават патетични нешта
зарем не? Тие само љубат и оставаат, не трчаат и не бегаат.
Неговото срце не можеше да го поднесе нејзинот поглед да пленува
друг, нејзините усни на друг да се смешкат. Можеби храбрите не бегаат, но тој мораше да се изгуби од тоа место
се додека уште може да се контролира Ја испрати „девојката“ и побрза да отиде дома. Отвори шише вино и го погледна небото,
сакаше да биде сам, а всушност тоа и беше цело време после неа. Чувствуваше дека се го боли, од пред очи
не можеше да ја избрише нејзината слика... ах колку само беше убава. Очите и светкаа како сијалички и му ја
топлеа душата, чисти и искрени како и секогаш, усните... ги имаше највкусните
усни на светот. Некогаш
му се предаваа сами сега беа толку далечни и што е пострашно од се можеби туѓи. Дали некогаш ќе успее да ја забрави се
прашуваше со месеци, еве се труди, но ниедна ја немаше нејзината душа. Дали некогаш можеше да ја заборави
прегратката која му велеше јас сум тука, раширените раце и во добро и во зло? Дали можеше да заборави дека го сакаше и
кога беше најлош и кога беше најдобар, и кога беше на дното и кога беше на
врвот? Допирите кои велеа твоја сум вечно ќе
останат врежени во неговите сеќавања. Само таа знаеше како да се справи со него кога и тој самиот не
знаеше, ете да беше тука и сега ќе знаеше да му каже како додека се губи. Никогаш нема да си прости што не сакаше да
научи да љуби, а со секој ден се повеќе ја љубеше.И ја мразеше оваа празна рака, го мразеше
јакиот фраер, ги мрзаеше сите стравови и лоши
приказни, се мразеше без неа што ја истурка од себе. Бидејќи херојот без љубов е само обичен слабак