Ја наполнив чантата со надеж и очекувања, ја ставив на рамо и зачекорив задоволно верувајќи во себе, во тебе, во сите нас. По патот насмевки, ведри
лица, исполнети срца и чувство на моќ, колку прекрасна улица. Денот е наш, а
ние сме вистината, нема никој над тоа. Дури и Сонцето е посветло, им се
смешка на можноста, на она што може да
биде, а со него се смеам и јас. И одеднаш ја сретнувам кратковидоста,
залутаноста, замаеноста. Ме фати страв, но од чантата пуштив малку надеж и си
реков „за мене се работи, пред сѐ“ и продолжив. Се осудувам да ги погледам
луѓето во очи , но таа мисија станува се потешка. Им се губи мислата во
погледот, визијата им е толку кратка што не стигнува ни до мене. Ми зборуваат
на туѓ јазик, за туѓ живот, за некое друго време убедени дека е нашето. Го
погледнуваат правот на рамењата и гледаат само полен на утринско Сонце. Не се осудуваат да дадат чекор повеќе од
идеалот на кој му го познаваат името, но не и суштината, се плашат да отворат
очи, да побараат одговори. Забрането е, казниво со закон и крајно неморално да
се поставиш себе си на прво место на вистинскиот пат.


Одам по патот и се поретко сретнувам луѓе, наоколу
марионети кои не се противат и уживаат да бидат манипулирани. Воздухот загаден,
денот се смрачи, чантата испразнета, очекувањата целосно избледена, а еве и
вербата почнува да се предава...
Можеш да подариш
око, но само на оној кој е свесен дека му недостига.