А порано нивата не беше толку трнлива, имаше по некое тесно патче, по некој цвет и
многу повеќе живот.Но ете
еден ден се појави една чудна трева која ги криеше своите боцки позади невини цветови.Се рашири како чума, со брзината на
светлината, ја наполни нивната и ги покажа своите боцки кога веќе преовладувше и му се можеше.И тоа не беше доволно, секогаш беше жедна и
стравот дека некој може да удри со мотика по него умно и полека го отстрани. Ги боцна оние кои вечно сонуваа за моќта
на трњето ветувајќи им големи и силни боцки, а на оние плашливите само им ја
покажа силата. И ним тоа
им беше доволно за да ги тргнат листовите и
да се облечат во воини, големи и страшни војници. Животот почна да бледее, цветовите го
изгубија мирисот и се претопија во целиот тој жбун и тие почнаа да дишат заедно со него.Патовите се затворија, гласот се изгуби,
борбата веќе беше одамна умрена, само трњето ја освои мојата нива и остана да
живее таму.
Нема ниту надеж дека некој ќе се фати за мотиката и ќе ја искорне
бидејќи и мотиките станаа дел од целиот тој добро осмислен план. Може само некој да фрли џкорче и се да се
запали, да остане само пепелта спомен од некогашната убавина со цвеќиња.
