И беше тешко,
претешко, беше исмевана, отфрлана, омаловажувана. На своите сокласници им служеше
за потсмев, играчка со која си играа кога им беше здодевно. Епа ѝ се смачи од сето тоа, дd студот, од гладот, од солзите, понижувањата. Сакаше на тоа да му стави крај што
побрзо. Гладот беше поголем од честа, гордоста. Можеби сите ќе ја покажуваат со
прст после она што реши да го направи, но ниту еден не ѝ
подаде парче леб кога и се превртуваше сè од глад. Тешко ѝ
беше да ја донесе оваа одлука, но тоа беше тоа. Се мислеше, премислуваше, но на
крајот сиромаштијата победи. Ќе ги затвори очите една ноќ и ќе се спасат од
оваа беда, и таа и родителите. Само една ноќ, потоа ќе ја заборави исто како да
не се случила. Мораше да стисне заби ако не сака да умре од глад. Друг излез
немаше, ова беше единствен начин да се спаси од бедата и голотијата, во која живееше
уште од кога се роди.....
Патот ѝ
го попрече црн автомобил. Богатите и моќните можеа да си
дозволат сè што ќе посакаат, што беше за нив еден леб, тие тоа ни на кучињата
не им го даваат, си помисли девојката и повторно се почувствува безвредна...
